Миленау (Пинау)
Изглед
Миленау во Пинеберг во зимата 2008 година | |
Место | Германија, Шлезвиг-Холштајн |
---|---|
Потекло | соединување на повеќе потоци кај Холмор 53°42′43″N 9°56′20″E / 53.712° СГШ; 9.938972° ИГД |
Висина на изворот | 21,5 м над м.н. |
Утока | во Пинау во Пинеберг 53°23′37″N 9°28′12″E / 53.3937° СГШ; 9.4700° ИГД |
Висина на утоката | 2 м над м.н. |
Спуст | 19,5 м |
Слив | Елба |
Одлив | Пинау → Елба → Северно Море |
Слив | 129 км² |
Десни притоки | Бек |
Леви притоки | Ругенведелзау, Дипенау |
Миленау во Пинеберг |
Миленау (германски: Mühlenau; исто така: Релау и Релингбек) — поток, а подоцна мала река, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн.
Миленау извира во источниот дел на природниот парк Холмор (кај градот Квикборн) од повеќе потоци. Потоа продолжува во шумската област помеѓу Нордерштет и Хасло, по што како лева притока во неа се влева поголемата Морбек. Понатаму, ги поминува Бенингштет и Елербек, како и Релинген, од каде е позната и како Релау (Rellau).
Јужно од Релинген навлегува во Пинеберг. Тука во неа се влева Дипенау. На крајот, Миленау во западниот дел на градот Пинеберг се влева во реката Пинау.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |