Нојминстер
| Нојминстер | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
| Округ | Урбан округ |
| Градски единици | 9 градски окрузи |
| Градоначалник | Олаф Таурас (независен) |
| Основни податоци | |
| Површина | 71,57 км2 |
| Надм. височина | 22 м |
| Население | 79.502 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 1.111 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | NMS |
| Пошт. бр. | 24534 - 24539 |
| Повик. бр. | 04321 |
| Портал | www.neumuenster.de |
| Местоположба на градот Нојминстер во Шлезвиг-Холштајн | |
| Координати | 54°04′17″N 9°59′24″E / 54.07139°N 9.99000°E |

Нојминстер (германски: Neumünster) — слободен град во средишниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија и со скоро 77.000 жители е четврти најголем град во покраината зад Кил, Либек и Фленсбург.
Првпат бил споменат во 1127 година како августински манастир. Долго време бил центар на германската индустрија за платна и кожа и одамна се смета за важен сообраќаен јазол. Од 1870 година ги поседува градските права, а од 2012 година е дел од метрополитенската област Хамбург.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Низ Нојминстер тече реката Швале, која се влева во Штер во јужниот дел на градот. Во непосредна близина на градот се наоѓа и Ајнфелдското Езеро
Нојминстер се наоѓа во близина на географскиот центар на покраина Шлезвиг-Холштајн. Кил се наоѓа на околу 30 километри северно од Нојминстер, додека 70 километри јужно се наоѓа Хамбург и 72 километри западно од Либек. Градот се граничи со следниве окрузи Плен, Зегеберг и Рендсбург-Екернферде.
Градски окрузи
[уреди | уреди извор]Нојминстер е поделен на следниве градски окрузи: Беклерзидлунг-Бугенхаген, Брахенфелд-Рутенберг, Ајнфелд, Фалдера, Гаделанд, Гартенштат, Штатмите, Тунгендорф и Виторф.
Историја
[уреди | уреди извор]Првиот историски доказ за претходното село „Випендорф“ (Wippendorf) потекнуваат од 1127 година.
Моментална состојба
[уреди | уреди извор]Железничката станица Нојминстер е главната железничка станица со линии кои возат во шест (порано седум) правци, меѓу нив и важните Хамбург-Алтона-Кил и Нојминстер-Фленсбург.
Во близина на Нојминстер, кај Ендорф, постои високонапонски објект за пренос на средни бранови за пренесување на програмата на Deutschlandfunk, предавател Ендорф, кој често е погрешно нарекуван како „предавател Нојминстер“.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Нојминстер е збратимен со следниве градови:
Познати жители
[уреди | уреди извор]- Мона Бартел, р. 1990, тенисерка
- Детлев Бланке, р. 1941, есперантист
- Штефан Шнор, р. 1971, фудбалер
- Вилф Смит, роден Вилфред Шмит во 1946, фудбалер
- Герхард Весел, 1913–2002, претседател на сојузната разузнавачка служба (1968–78)
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Нојминстер на Ризницата ?- Службена страница (германски)
| ||||||||||
|
| Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

