Самсун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Самсун
Samsun genel kolaj.JPG
Самсун is located in Turkey
Самсун
Самсун
Местоположба на Самсун на картата на Турција
Координати: 41°17′N 36°20′E / 41.283° СГШ; 36.333° ИГД / 41.283; 36.333
Земја Турција
РегионЦрноморски регион
ПровинцијаСамсун
Реони
Управа
 • ГрадоначалникЈусуф Зија Јилмаз (АКП)
Површина
 • Градска1.055 км2 (0.407 ми2)
Надм. вис.&100000000000000040000004 м
Население (2013)
 • Густина573/км2 (1,480/ми2)
 • Градскo605.319
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Поштенски код55
Повик. бр.(+90) 362
Регистарски  таблички55
КлимаCfa
Мреж. местоwww.samsun.bel.tr

Самсун (турски: Samsun) — град во Црноморскиот регион во Турција и главен град на истоимената провинција. Градот Самсун има население над половина милион луѓе и се наоѓа на северниот брег на Турција. Градот има два универзитета, неколку болници, трговски центри, спортски објекти и.т.н.

Мустафа Кемал Ататурк ја започнал Турската војна за независност во 1919 година од овој град.

Име[уреди | уреди извор]

Денешното име на градот произлегува од старото грчко име за градот, Амисос или Амисон[1]. Грчкиот историчар Хекатеј Милетски пишува дека Амисос порано се викал Енете, место кое е споменато во Илијада на Хомер. Од страна на атинските доселеници градот бил нарекуван Пираиос, додека од римските бил познат како Помпеополис, според римскиот државник Помпеј[2].

Од страна на Џенова, градот бил наречен Симисо додека Османлиите го користиле денешното име.

Историја[уреди | уреди извор]

Frig-samsun.JPG
Samsunlular-kostum.jpg

Стара историја[уреди | уреди извор]

Најраните слоеви ископани во овој регион датираат од бакарно време[3]. Во областа Текеќој била откриена населба на раната бронзена ера. Самсун или Амисос бил населен во 760-750 п.н.е. од страна на луѓе од Милет, кое воспоставиле трговските односи со античките народи на Анадолија. Идеалната комбинација на плодна почва и плитките води во градот придонела градот да привлече голем број трговци.

Во времето кога градот бил населен од страна на Милетијците во 6 век пр.н.е.[4], се смета дека постоела значајна грчка активност на трговците по должината на брегот на Црно Море.[5] , иако археолошките докази за ова се многу фрагментарни. Единствениот археолошки доказ што постои е од почетокот на 6 век, и тој е фрагмент од дива коза изработена од керамика, која денеска се наоѓа во Лувр[6].

Градот бил освоен од страна на Персијците во 550 п.н.е. и станал дел од Кападокија[2]. Во 5 век п.н.е., градот станал слободна држава и еден од членовите на Делскиот сојуз[7], предводен од страна на Атињаните, додека подоцна бил преименуван во Пираиос[8]. Во 4 век п.н.е. градот паднал под власта на Кралството Понт.

Римјаните го освоиле градот во 71 п.н.е.[9] и Амисос станал дел од Битинија[10]. Околу 46 п.н.е., за време на владеењето на Јулиј Цезар, градот станал главен град на римската провинција Понт. Од периодот на Вториот триумвират до почетокот на владеењето на Нерон, Понт бил управуван од страна на неколку кралеви, како и една кралица, внука на Марко Антониј. Од 62 година градот започнал да биде директно управуван од римските гувернери, најпознат од кои бил Трајан Плиниј[11].

Се смета дека градот во околу 150 година имал население од 20,000-25,000 луѓе[12], и бил класифициран како релативно голем град за тоа време. Градот функционирал како главен град на покраината Понт, победувајќи го својот ривал Синопе (сега Синоп) поради својата позиција на чело на транс-анадолскиот автопат[7].

Во доцната антика, градот станал дел од Понтика во рамките на Источното Римско Царство, додека подоцна станал дел од тема Ерманија. Замокот во градот бил изграден во 1192 година, но бил разрушен во 1909 година.

Рано христијанство[уреди | уреди извор]

Иако корените на градот се хеленистички[10], градот бил еден од центрите каде започнало ширењето на раното христијанство[10]. Неговата функција на трговска метропола во северниот дел на Мала Азија била фактор што придонесела за да се овозможи ширењето на христијанското влијание[13]. Како голем пристанишен град, често раните христијани патувале во Ерусалим[14]. Според Јосиф Флавиј, во Мала Азија живееле голем број на еврејско население[15]. Со оглед на тоа што првите евангелисти биле фокусирани на еврејските заедници во дијаспората, не било чудно што градот Амисус бил привлечен град за работа на раните хртистијани. Во Петровото послание авторот се обратил кон еврејската дијаспора од провинцијата Понт, заедно со уште четири провинции: „Петар, апостол на Исус Христос, до вас кои сте привремени жители на овој свет, распрснати по Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија, избрани според она што Бог, Таткото, однапред го знаеше, посветени со духот, за да бидете послушни и попрскани со крвта на Исус Христос[16]. Се смета дека ширењето на христијанството во регионот започнало токму од Амисус. Во 1 век Плиниј Помладиот имал конфликти со христијаните кои биле осудувани поради нивното одбивање да се откажат од својата религија, но во еден документ се вели дека истиот тој имал и толеранција за некои христијански практики. Рани христијани кои делувале вд градот се Григориј Просветител и Свети Василиј Велики.[17].

Христијански епископи од овој период се Антониј, кој учествувал на Четвртиот вселенски собор во 451 година, Еритреј, епископот Флор, Тибериј кој учествувал на Третиот собор во Цариград во 680 година,

Средновековна и модерна историја[уреди | уреди извор]

Самсун бил дел од Селџучкото Царство, Иконискиот султанат и Трапезунтската империја. По распаѓањето на Селџучкото Царство и создавањето на мали бејлици во доцниот 13 век, градот бил управуван од страна на Исфендијар. Кон крајот на 14 век градот бил освоен од страна на Османлиите на чело со Бајазид I, но тие го изгубиле градот по инвазијата на Тимур. Повторното османлиско освојување се случило во 1420 година, период кога се зацврстила Османлиската империја.

Во подоцнежниот отомански период, регионот главно се занимавал со производство на тутун. Градот со железница бил поврзан во втората половина на 19 век. Во периодот од 1837-1863 година, во градот имало британски конзулат[18]. Градот во тоа време бил дом на повеќе од 5.000 Евменци, кои биле прогонети или убиени во текот на Ерманскиот геноцид од 1915 година за време на Првата светска војна. Според локални очевидци, голем дел од самсунските Ерменци се удавиле во Црното Море[19], додека други биле депортирани и на крајот масакрирани во провинциите на југ. По Ерменскиот геноцид останале единаесет Ерменци кои го прифатиле исламот и двајца ерменски лекари. Ерменските деца кои останале без своите родители, биле дадени на турски семејства.[20].

Мустафа Кемал Ататурк своето национално турско ослободително движење го започнал на на 19 мај 1919 година од Самсун, на денот кој традиционално го означува почетокот на Турската војна за независност. Ататурк, назначен од страна на османлиската власт како инспектор на војниците на Деветтата армија, го напуштил Цариград и заминал со брод за Самсун. Наместо почитување на наредбите на османлиската власт, тој и голем број од неговите колеги прогласил почеток на ослободително движење. Подоцна во текот на војната за независност, градот бил бомбардиран од страна на грчката морнарица.

Од 1920 година, населението на Самсун изнесувало околу 36.000 жители[21].

Географија[уреди | уреди извор]

Населението на градот е 802.011 жители, а на областта - 1.250.076 (2010) со површина од 9.083 км².

Самсун се протега по должината на брегот меѓу две речни делти (Црвена и Зелена Река), кои се вливаат во Црно Море. Градот се наоѓа на крајот на античкиот пат за Кападокија. Градот последните години забележува голем развој. Во текот на овој период биле изградени голем број на станбени и деловни објекти. Индустриските објекти се градат кон источниот дел на градот, кон аеродромот. Реката Кизилирмак или Црвена Река е една од најдолгите реки во Анадолија.

Клима[уреди | уреди извор]

Самсун има типична црноморска клима со високо и рамномерно распределување на врнежите во текот на годината[22]. Летото е топло и влажно, а просечната максимална температура е околу 27 C (81 ° F) во август. Зимата е студена и влажна, а најниската просечна минимална температура е околу 3°C (37 ° F) во јануари.

Врнежите се поинтензивни во доцната есен и почетокот на зимата. Снежната покривка е поголема меѓу месеците декември и март, но тоа обично зависи исклучиво од годината, и многу ретко се задржува температура под 0 степени за повеќе од 3-4 дена.

Температурата на водата, како и на остатокот на Црноморското крајбрежје на Турција, се движи помеѓу 8° и 20°C (68 ° F) во текот на целата година.

Климатски податоци за Самсун
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 24.2
(75.6)
26.5
(79.7)
33.6
(92.5)
37.0
(98.6)
36.4
(97.5)
37.4
(99.3)
37.5
(99.5)
35.2
(95.4)
38.3
(100.9)
38.4
(101.1)
31.4
(88.5)
28.9
(84)
38.4
(101.1)
Прос. висока °C (°F) 10.9
(51.6)
11.1
(52)
12.0
(53.6)
15.3
(59.5)
19.0
(66.2)
23.7
(74.7)
26.5
(79.7)
27.0
(80.6)
23.9
(75)
20.1
(68.2)
16.7
(62.1)
13.1
(55.6)
18.27
(64.9)
Сред. дневна °C (°F) 7.2
(45)
7.1
(44.8)
7.9
(46.2)
11.4
(52.5)
15.6
(60.1)
20.3
(68.5)
23.3
(73.9)
23.5
(74.3)
20.0
(68)
16.1
(61)
12.4
(54.3)
9.3
(48.7)
14.51
(58.11)
Прос. ниска °C (°F) 4.2
(39.6)
3.9
(39)
4.7
(40.5)
8.0
(46.4)
12.1
(53.8)
16.2
(61.2)
19.2
(66.6)
19.7
(67.5)
16.5
(61.7)
12.9
(55.2)
9.2
(48.6)
6.4
(43.5)
11.08
(51.97)
Најниска забележана °C (°F) −8.1
(17.4)
−7.4
(18.7)
−7.0
(19.4)
−2.4
(27.7)
2.7
(36.9)
9.0
(48.2)
13.4
(56.1)
14.0
(57.2)
7.0
(44.6)
1.5
(34.7)
−2.8
(27)
−4.0
(24.8)
−8.1
(17.4)
Прос. врнежи мм (ин) 68.1
(2.681)
57.5
(2.264)
63.3
(2.492)
57.1
(2.248)
48.7
(1.917)
45.9
(1.807)
32.2
(1.268)
39.7
(1.563)
51.4
(2.024)
80.6
(3.173)
83.8
(3.299)
78.0
(3.071)
706.3
(27.807)
Прос. бр. дождливи денови (≥ 0.1 mm) 13.5 13.5 15.4 14.2 12.7 9.4 5.8 6.3 9.9 12.2 12.0 12.9 137.8
Прос. релативна влажност (%) 68 72 77 80 82 78 74 74 75 72 71 69 74.3
Сред. бр. сончеви часови месечно 77.5 90.4 102.3 129.0 192.2 246.0 263.5 254.2 186.0 136.4 102.0 74.4 1.853,9
Можен удел на сончевост 26.3 30.3 27.7 32.3 42.8 54.2 57.2 59.4 49.7 39.6 34.5 26.1 40.01
Извор: http://mgm.gov.tr/veridegerlendirme_z16/il-ve-ilceler-istatistik.aspx?m=SAMSUN

Архитектура[уреди | уреди извор]

  • Пазар џамија, најстариот објект во градот, кој бил изграде од страна на Монголите во 13 вњк.
  • Валиде или Бујук џамија била изградена од страна Батлуму Хаџи Ефенди во 1884 година.[23]
  • Хаџи Хатун џамија датира од 1694 година.


Економија[уреди | уреди извор]

Градот има мешана економија [24] со блага индустриска зона кон аеродромот. Главните произведени производи се медицински апарати и помагала, мебел, тутун (иако одгледувањето на тутун денес е ограничено од владата), хемикалии и резервни делови за автомобили. Во Самсун се наоѓа и најголемото пристаниште на турското крајбрежје на Црното Море[25].

Образование[уреди | уреди извор]

Во градот има два универзитета: Ондокуз Мајс и Џанак Башар универзитет.

Спорт[уреди | уреди извор]

Фудбалскиот тим на градот го носи името Самсунспор. Тој е меѓу најпопуларните турски фудбалски тимови.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Özhan Öztürk. Karadeniz: Ansiklopedik Sözlük (Blacksea: Encyclopedic Dictionary). 2 Cilt (2 Volumes). Heyamola Publishing. Istanbul.2005 ISBN 975-6121-00-9
  2. 2,0 2,1 "Samsun Guide" (PDF). 
  3. "..:: REPUBLIC OF TURKEY MINISTRY OF CULTURE AND TOURISM ::..". конс. 25 May 2015. 
  4. "..:: REPUBLIC OF TURKEY MINISTRY OF CULTURE AND TOURISM ::..". конс. 25 May 2015. 
  5. {Cohen, Getzel M. (1995). “The Hellenistic Settlements in Europe, the Islands, and Asia Minor.” Berkely and Los Angeles, California: University of California Press. p. 384.
  6. Tsetskhladze, G.R. (1998 ) “The Greek Colonisation of the Black Sea Area: Historical Interpretation of Archaeology.” Stuttgart: F. Steiner. p. 19.; Louvre page
  7. 7,0 7,1 Wilson, M. W. "Cities of God in Northern Asia Minor: Using Stark's Social Theories to Reconstruct Peter's Communities". Verbum et Ecclesia 32 (1). p. 4.
  8. Jones, A.H.M (1937). “The Cities of the Eastern Roman Provinces”. Oxford: The Carendon Press. p. 149.
  9. "Antik Amisos Kenti". 
  10. 10,0 10,1 10,2 Wilson, M. W. "Cities of God in Northern Asia Minor: Using Stark's Social Theories to Reconstruct Peter's Communities". Verbum et Ecclesia 32 (1). p. 3.
  11. Orrery, J. B. (1752). “The Letters of Pliny the Younger: With Observations on Each Letter; and an Essay on Pliny's Life, Addressed to Charles Lord Boyle.” The 3rd ed. London: Printed by James Bettenham, for Paul Vaillant. p. 407.
  12. Mitchell, S. (1995). “Anatolia: Land, Men, and Gods in Asia Minor.” Journal of Roman Studies, 85. p. 301-302.
  13. Society For The Promotion Of Hellenic Studies. (2013). “Roads to Pontus, Royal and Roman.” The Journal of Hellenic Studies (Vol. 21). London: Forgotten Books. (Original work published pre-1945, year unknown) p. 105-6.
  14. Wilson, M. W. "Cities of God in Northern Asia Minor: Using Stark's Social Theories to Reconstruct Peter's Communities". Verbum et Ecclesia 32 (1). p. 2.
  15. Schalit, A. "Asia Minor." Encyclopedia Judaica. Accessed March 11, 2015.
  16. 1. Петрово
  17. Wilson, M. W. "Cities of God in Northern Asia Minor: Using Stark's Social Theories to Reconstruct Peter's Communities". Verbum et Ecclesia 32 (1). p. 7.
  18. "Foreign Office: Consulate, Samsun, Ottoman Empire: Entry Books and Registers of Correspondence". 
  19. Kieser, Hans-Lukas (2006). Turkey Beyond Nationalism Towards Post-Nationalist Identities.. London: I.B. Tauris & Co.. стр. 111. ISBN 085771757X. https://books.google.com/books?id=NlABAwAAQBAJ&pg=PA111. 
  20. Kevorkian, Raymond (2011). The Armenian Genocide: A Complete History. I.B.Tauris. стр. 487–91. ISBN 0857730207. https://books.google.com/books?id=mZ33AgAAQBAJ. 
  21. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Prothero54.
  22. "Climate: Samsun - Climate graph, Temperature graph, Climate table". 31 August 2013. Climate-Data.org. 
  23. "Samsun". конс. 25 May 2015. 
  24. "..:: REPUBLIC OF TURKEY MINISTRY OF CULTURE AND TOURISM ::..". конс. 25 May 2015. 
  25. "2023 Export Target 5 Billion Dollars". 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°17′25″N 36°20′01″E / 41.29028° СГШ; 36.33361° ИГД / 41.29028; 36.33361