Шлезвиг-Фленсбург
| Шлезвиг-Фленсбург Kreis Schleswig-Flensburg | |||
|---|---|---|---|
| округ | |||
| |||
| Земја | |||
| Покраина | Шлезвиг-Холштајн | ||
| Седиште | Шлезвиг | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 2.072 км2 (800 ми2) | ||
| Население (31 декември 2022)[1] | |||
| • Вкупно | 206.038 | ||
| • Густина | 99/км2 (260/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
| Рег. таб. | SL | ||
| Мреж. место | schleswig-flensburg.de | ||
Шлезвиг-Фленсбург (германски: Schleswig-Flensburg; дански: Slesvig-Flensborg) — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Округот се граничи со (од југ надесно) окрузите Рендсбург-Екернферде, Дитмаршен и Северна Фризија, регионот Јужна Данска во Данска, слободниот град Фленсбург и Балтичкото Море.
Историја
[уреди | уреди извор]Пишаната историја во областа започнува околу 800 година, кога била основана викиншка населба Хаитхабу. Подоцна, соседниот град Шлезвиг го презел местото на Хаитхабу и станал моќен град во текот на XI век. Подоцна, ја загубил својата моќ од страна на Либек.
Округот бил основан во 1974 година со спојување на поранешните окрузи Фленсбург-Ланд и Шлезвиг. Поради близината на Данска и историјата на областа, постои голем дел на Данци.
Географија
[уреди | уреди извор]Областа е главно рамна. Шлај, фјорд на Балтичкото Море, е јужната граница на округот. Сета земја северно од Шлај и јужно од Фленсбург се смета за дел од полуостровот Ангелн. Ангелн бил древен дом на Германите, познати и како Англи, кои се преселиле во Англија во текот на раниот среден век.
Грб
[уреди | уреди извор]| Грбот прикажува два лава, претставувајќи го старото војводство Шлезвиг. Најдолу на грбот постои брановита линија, која го претставува Балтичкото Море и фјордовите. |
Градови и општини
[уреди | уреди извор]| Слободни градови | Слободни општини |
|---|---|
| Општински заедници | ||
|---|---|---|
|
|
|
| 1седиште на општинската заедница;2град | ||
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Шлезвиг-Фленсбург на Ризницата ?- Официјална страница (германски)
| ||||||||||
54°40′N 9°35′E / 54.67°N 9.58°E
|