Источен Холштајн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Источен Холштајн
Kreis Ostholstein
Округ
Грб на Источен ХолштајнKreis Ostholstein
Грб
Schleswig-Holstein OH.svg
Земја  Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Адм. цент. Ојтин
Површина
 • Вкупна 1.391 км2
Население (31 декември 2016)[1]
 • Вкупно 200.813
 • Густина 140/км2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. таб. OH
Мреж. место kreis-oh.de

Источен Холштајн (германски: Ostholstein) — округ (Kreis) во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од југозапад надесно) окрузите Штормарн, Зегеберг и Плен, Балтичкото Море и слободниот град Либек.

Историја[уреди | уреди извор]

Округот бил основан во 1970 година со спојување на поранешните окрузи Ојтин и Олденбург во Холштајн. Овие поранешни окрузи имале различна историја.

Округот Ојтин произлегол од кнежевството, а подоцна Регион Либек, кое пак произлегло од секуларизираната принц-епископија Либек. Во 1803 година станало енклава на Војводството Олденбург (кое нема никаква врска со холштајнскиот град Олденбург). Во 1937 година бил предаден на Прусија како округ Ојтин во рамките на пруската Покраина Шлезвиг-Холштајн.

Регионот Олденбург бил дел од Војводството Холштајн. Во 1864 година, Холштајн станал дел од Прусија, по што наскоро бил создаден округот Олденбург во Холштајн.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се состои од полуостровот Вагрија, полуостров помеѓу Либечкиот и Килскиот Залив, островот Фемарн, источниот дел на областа наречена Холштајнска Швајцарија и северните предградија на Либек.

Холштајнска Швајцарија е област со бројни езера и пошумени ридови, која е поделена со соседниот округ Плен. Бунгсберг, иако со само 168 метри н.в., е највисоката точка во Шлезвиг-Холштајн. Островот Фемарн е третиот најголем остров во Германија. Од 1963 година е поврзан за копното со висечки мост.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Грбот прикажува:
  • крст од грбот на Епископијата Либек; оваа епископија постоела до 1535 година и поседувала големи поседи во областа
  • кула од грбот на градот Олденбург

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Слободни градови Слободни општини
  1. Бад Швартау
  2. Ојтин
  3. Фемарн
  4. Хајлигенхафен
  5. Нојштат во Холштајн
  6. Олденбург во Холштајн
  1. Аренсбек
  2. Даме
  3. Гремиц
  4. Грубе
  5. Келенхузен
  6. Маленте
  7. Ратекау
  8. Шарбојц
  9. Штокелсдорф
  10. Зизел
  11. Тимендорфер Штранд
Општински заедници
  1. Бозау
  1. Бешендорф
  2. Дамлос
  3. Хармсдорф
  4. Кабелхорст
  5. Лензан1
  6. Манхаген
  7. Рипсдорф
  1. Гел
  2. Гремерсдорф
  3. Гросенброде
  4. Херингсдорф
  5. Нојкирхен
  6. Вангелс
  1. Алтенкремпе
  2. Каседорф
  3. Шасхаген
  4. Шенвалде на Бунгсберг1
  5. Зирксдорф
1седиште на општинската заедница

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]