Плен (град)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плен (град)
Градското собрание на Плен
Градското собрание на Плен
Градското собрание на Плен
Грб на Плен (град)
Плен (град) во рамките на Германија
Плен (град)
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Плен
Градоначалник Јенс Паустијан
Основни податоци
Површина 36,73 км2
Надм. височина 26 м
Население 8.987 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 245 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PLÖ
Пошт. бр. 24301–24306
Повик. бр. 04522
Портал www.ploen.de
Местоположба на градот Плен (град) во рамките на округот Плен
Карта
Карта
Координати 54°9′44″N 10°25′17″E / 54.16222° СГШ; 10.42139° ИГД / 54.16222; 10.42139Координати: 54°9′44″N 10°25′17″E / 54.16222° СГШ; 10.42139° ИГД / 54.16222; 10.42139

Плен (германски: Plön) — град и административно седиште на истоимениот округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на бреговите на најголемото езеро во покраината, Големо Пленско Езеро, како и на неколку помали езера, кои го опкружуваат градот од сите страни. Знаменитост на градот е Пленскиот замок, замок кој бил изграден во XVII век на рид над градот. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Големо Пленско Езеро, иако самиот град не е член на заедницата.

Во градот постои гимназија која има 300-годишна историја и е дом на офицерската школа на Германската морнарица и на Институтот за еволуциска биологија „Макс Планк“. Градот припаѓа на ридестата пошумена област Холштајнска Швајцарија.

Историја[уреди | уреди извор]

Плен во 1895 г.

При Големата преселба на народите, словенските племиња навлегле во областа на Плен во текот на почетокот на VII век по повлекувањето на првобитното германско население. На големиот остров спроти Плен, кој подоцна бил наречен Олсборг (Olsborg), изградиле големо утврдување. Нивната населба ја нарекле Плуне (Plune), што значело „вода без мраз“.

Во 1139 година, грофот на Холштајн, Адолф II од Шауенбург, ја уништил тврдината, ставајќи крај на превласта на Словените во областа на Плен. Дваесет години подоцна, Адолф II повторно го изградил замокот на островот, но наскоро морал да го премести на денешниот рид. Таму, под заштита на замокот и близу главните трговски патишта од Либек кон север, се издигнал нов град.

Во 1236 година, Плен добил градски права. Стратешки поставен на теснец помеѓу езерата и реката Швентине, Плен останал средиште на Грофовијата Холштајн до потпаѓањето на Данска во XV век.

Помеѓу 1561 и 1729 година, Плен бил главен град на Војводството Шлезвиг-Холштајн-Зондербург-Плен. Војводството Шлезвиг-Холштајн-Плен се појавило во 1622 година како последица на наследство во данското кралско семејство. Од 1633 до 1636 година се градел ренесансниот замок на местото на стариот замок од војводата Јоахим Ернест и Плен станал главен град на малото, но независно грофовија. Како резиденција, Плен уживал голем статус. На пример, во 1685 година, војводата Јохан Адолф основал нов град (Neustadt) северозападно од градот со цел да ги смести занаетчиите и така да го зголеми стопанството значење на војводството. Под водствот на Фридрих Карл, замокот бил проширен со неколку барокни градби и градина. Во тоа време, градот имал околу 1.000 жители.

Плен од Кулата Парнас со Големото Пленско Езеро и Пленскиот замок во средина

Во 1761 година, војводството станало дел од Данска. Плен останал под данска власт до Втората шлезвишка војна во 1864 година. Иако бил летна резиденција на данскиот крал од време на време, останал заспан провинциски град со околу 2.000 жители. Културниот живот на малата резиденција бил шармантно опишан од Рохус фон Лилинкрон во „Спомените на детството“. Во средината на XIX век, данскиот принц поминал неколку години во неговата летна резиденција во Пленскиот замок.

Во 1867 година, Плен станал окружен град по воведување на административните реформи на Прусија. Принцовите на династијата Хоенцолерн биле изучувани во Плен. Островот на принцовите (Prinzeninsel) — сè уште поседуван од династијата Хоенцолерн. Од 1868 година, Пленскиот замок бил пруска воена школа. По Првата светска војна станал интернет, додека во периодот 1933-1945 служел како Национален политички институт за образование. Од 1946 година повторно бил интернат.

Во 1891 година, Ото Цахаријас ја основал првата „биолошка станица“ за истражување на питката вода на германска почва на Пленското Езеро. Била основана како приватен истражувачки институт со финансиска поддршка од пруската влада и неколку граѓани. По неговата смрт, Август Тинеман го преземал водството. Негов наследник по долго време бил Институтот за лимнологија „Макс Планк“, сега преименуван во Институт за еволуциска билогија „Макс Планк“.

Плен погледнат од замокот

Од средината на април 1945 година, елементи на последната влада на Рајхот и командантот на морнарицата, адмиралот Карл Дениц, се преселиле во градбите на касарната. На 1 мај, Дениц објавил дека Хитлер се самоубил и се назначил себеси како негов наследник. На 2 мај, новата влада на Рајхот побегнала во Фленсбург пред британските трупи.

По Втората светска војна, Плен бил избран како место на школата Крал Алфред, гимназија за децата на британските трупи. Школата постоела од 1948 до 1959 година.

Германскиот интернат во Пленскиот замок бил затворен во 2001 година и замокот бил продаден на оптичката компанија Филман. Тие повторно го отвориле во октомври 2006 година, по сериозна обнова, како школа за оптичари. Вкупните трошоци за обновата изнесувале 35 милиони евра. Денес тука е сместен непрофитен тренинг центар на полето на оптиката. Ова ја зајакнало економијата на градот. Секоја година, замокот е дом на шест илјади вработени на Филман, кои добиваат тренинг во период од две недели.

Куќата на принцовите понекогаш е нарекувана „бисер на периодот рококо“. Претходно била користена како летна куќа, а денешното име го добила кога синовите на последниот германски цар, Вилхелм II, учеле во оваа градба. По неколку години обнова, сега е повторно отворена за јавноста. Куќата на часовниците (Uhrenhaus) сега содржи информациски центар за Природниот парк Холштајнска Швајцарија. Поранешниот царски базен сега е културен форум, кој е достапен за настани и изложби. Доказите за царското време сè уште се видливи во многу делови на Плен.

Политика[уреди | уреди извор]

Грб[уреди | уреди извор]

Стариот грб на порта близу замокот

Грбот прикажува сребрена позадина над сребрени и сини бранови во кои плива црвена риба. Над брановите се наоѓа ѕид од тули, над кој има кула; над кулата се наоѓа грбот на Холштајн.

Партнерства[уреди | уреди извор]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Железничката линија помеѓу Кил и Либек, на која сообраќаат возови на секои половина час во секоја насока, поминува низ Плен.

Градот е автопатски јазол, на кој се сретнуваат сојузните автопати Б78 (исток-запад) и Б4300 (југозапад-североисток).

Пленскиот замок погледнат од Пленското Езеро

Култура[уреди | уреди извор]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Пленски замок

Пленски замок[уреди | уреди извор]

Пленскиот замок е една од најважните ренесансни градби во покраината. До смртта на војводата Фридрих Карл во 1761 година претставувал војводска резиденција; потоа бил користен за различни цели. Денес е во посед на претпријатието Филман.

Кула Парнас[уреди | уреди извор]

Кулата Парнас е висока 20 метри, челичнорешеткаста кула на камено подножје изградена во 1888 година како кула за набљудување од Туристичката заедница Плен (Plöner Verschönerungsverein). Отворена е од април до октомври.

Водокулата во Плен од 1913 година

Водокула[уреди | уреди извор]

Старата водокула на Плен (Wasserturm Plön) од 1913 година се наоѓа источно од градот е денес се користи како живеалиште.

Планетарна прошетка[уреди | уреди извор]

Планетарната прошетка во Плен го претставува сончевиот Систем со размер од 1:2.000.000.000.

Музеи[уреди | уреди извор]

Музеи во Плен се: музејот за округот со неговата збирка за северногерманското стакло, куќата на природниот парк, куќата на принцовите и фондацијата Фриц Дуринг.

Панорама на Големото Пленско Езеро кон југ

Луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]