Прец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Прец
Градското собрание на Прец
Градското собрание на Прец
Грб на Прец
Прец is located in Германија
Прец
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Плен
Градоначалник Волфганг Шнајдер (независен)
Основни податоци
Површина 14,4 км2
Надм. височина 24 м
Население 16.032 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 1.113 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PLÖ
Пошт. бр. 24211
Повик. бр. 04342
Портал www.preetz.de
Местоположбата на градот Прец во рамките на округот Плен
Карта
Координати 54°14′12″N 10°16′56″E / 54.23667° СГШ; 10.28222° ИГД / 54.23667; 10.28222Координати: 54°14′12″N 10°16′56″E / 54.23667° СГШ; 10.28222° ИГД / 54.23667; 10.28222

Прец (германски: Preetz) — град во округот Плен, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Во градското јадро се наоѓа мало езеро, Кирхско Езеро.

Историја[уреди | уреди извор]

Старо дабово дрво, манастирот Прец во позадина

Првото спомнување на Прец потекнува од 1185 година, кога Екбрехт Пронцесис пишувал за местото Порец. Потеклото на името Прец се верува дека потекнува од словенскиот термин „по рече“ или „по река“. Во 1221 година, терминот „Порецие“ се појавил, а во 1442 година Преце.

Првата градска црква била изградена во 1210 година. Во 1211 година, грофот Албрехт фон Орламинде основал бенедиктански манастир: манастир Прец. Манастирот бил повторно основан од Адолф IV фон Шауенбург во 1226 година и бил доделен на монасите. Во 1268 година била изградена црквата во манастирот. Манастирот бил највисока административна власт до 1867 година и ја извршувал судската власт во градот.

Прец вовел улично осветлување во 1852 година. Железничката станица била изградена во 1864 година, а Градското собрание во 1871 година. Дабовото дрво пред Градското собрание, посадено во 1871 година, сè уште постои.

Ограничени градски права, Прец добил на 17 мај 1870 година, а целосните во 1901 година.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Прец е збратимен со следниве градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]