Швентине

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Швентине
SchwentineBeiKielGermany.jpg
Швентине кај Кил
Место Шлезвиг-Холштајн, Германија
Должина 62 км
Извор Бунгсберг
Утока помеѓу килските окрузи Нојмилен-Дитрихсдорф и Велингдорф во Килскиот Фјорд
54°11′38″ СГШ; 10°06′40″ ИГД / 54.1939° СГШ; 10.1110° ИГД / 54.1939; 10.1110
Слив Швентине
Десни притоки Шползау
Леви притоки Алте Швентине
Езера Штендорфско Езеро, Зиберсдорфско Езеро, Големо Ојтинско Езеро, Келерско Езеро, Дикско Езеро, Лангенско Езеро, Белерско Езеро, Хефтско Езеро, Големо Пленско Езеро, Штатзе, Шваненско Езеро, Мало Пленско Езеро, Кронско Езеро, Фуленско Езеро, Ланкерско Езеро, Кирхско Езеро
Акумулации Розенско Езеро
Градови Кил
Паланки Ојтин, Плен, Прец, Швентинентал
Села Маленте

Швентине (германски: Schwentine) — река во северна Германија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Долга е околу 62 километри и извира од врвот Бунгсберг, највисоката точка во покраината, близу селото Каседорф во Источен Холштајн. Потоа тече од нејзиниот извор до Кил, каде се влива во Килскиот Фјорд, залив на Балтичкото Море. Поминува низ неколку езера, вклучувајќи го Големото Пленско Езеро, најголемо езеро во Шлезвиг-Холштајн, како и низ градовите Ојтин, Маленте, Плен, Прец и Кил.

Управување со водата[уреди | уреди извор]

Швентине има големо значење во снабдувањето со питка вода. Водоводот Швентинетал (Wasserwerk Schwentinetal) се наоѓа во близина на Клаусдор од 1900 година.

Иако долината на Швентине дава извонредни природни пејзажи долж целата нејзина должина, таа е поврзана со индустријализацијата на градот Кил. Две хидроелектрани, сега прогласени за споменици на културата (едната на Розенското Езеро) биле изградени од бродоградителот Бернхард Ховалт, и денес сè уште работат.

Некогашната значајна воденичка индустрија, денес повеќе не постои. На старото бродоградилиште Ховалт (кое било споено со претпријатието HDW), од кое останала само старата метална леарница, му се дало нов живот како индустриски музеј. Благодарение на различни програми, областа околу естуарот на Швентине постепено го изгубил својот карактер како индустриски отпад.

Освен во почетната област на естуарот, никакви товарни бродови не пловат по Швентине. Наместо нив, дозволени се само рекреативни бродови.

Природна заштита[уреди | уреди извор]

Стариот ракав на Швентине (Altarm der Schwentine) е дел од Швентине, кој бил прогласен како природен резерват од 1984 година.[1] Го добил овој статус поради тоа што областа останала близу до нејзиниот природен изглед поради стрмните речни брегови и е станиште за бројни ретки растенија и животни. Покрива област од 19 хектари.

Историја[уреди | уреди извор]

Поврзано: Вагрија

Името Швентине доаѓа од словенскиот збор Свентана или балтичкото швента, што означувало „светата“ (die Heilige); поврзано: Балтословенски јазици.

Првичниот извор на Швентине не бил на Бунгсберг, туку во близина на Борнхефед. Изворот на денешната Алте Швентине е сметан од историчарите, приронаучниците и лингвистите како првичен извор на Швентине. Во текот на раниот среден век малата река ја обележувала границата помеѓу германската и саксонската област.

Галерија[уреди | уреди извор]

Устието на реката Швентине кај Рибарскиот пазар во Кил

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Landesamt Schleswig Holstein, p. 13