Аренсбек
Аренсбек | |
Црква Св. Богородица во Аренсбек | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Источен Холштајн |
Градоначалник | Екехард Шефер |
Основни податоци | |
Површина | 95,38 км2 |
Надм. височина | 55 м |
Население | 8.469 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 89 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OH |
Пошт. бр. | 23620–23623 |
Повик. бр. | 04525 04505 |
Портал | www.ahrensboek.de |
Местоположба на Аренсбек во рамките на округот Источен Холштајн | |
Координати | 54°1′N 10°35′E / 54.017° СГШ; 10.583° ИГД |
Аренсбек (германски: Ahrensbök) — општина во округот Источен Холштајн, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа околу 17 километри северозападно од Либек и 45 километри југоисточно од Кил.
Историја
[уреди | уреди извор]Аренсбек бил основан по изградбата на капела во 1280 година. Првиот документиран доказ за населбата потекнува од 1328 година. Во 1348 година местото било опустошено од црната смрт.
Во 1397 година, Картузијците основале манастир тука, кој помогнал местото да се развие. Во 1564 година бил основан амтот Аренсбек како административна единица и помеѓу 1593 и 1601 година бил изграден замок, Хопенброк, на местото и со материјали од манастирот, кој бил секуларизиран во 1580-тите во текот на реформацијата и подоцна срушен. Во 1623 година, замокот Хопенброк бил неколку години резиденција на новооснованата гранка на Војводството Шлезвиг-Холштајн-Зондербург-Пне, додека не бил завршен новиот војводски замок во Плен во 1636 година, по што замокот Хопенброк станал второстепена резиденција. Во 1746 година, војводата Фридрих Карл го укинал кметството во неговото војводство. Во 1765 година, по смртта на неговата вдовица, замокот бил срушен.
Сточен и коњски пазар бил основани во градот во 1791 година, кој бил заменет во 1832 година од редовен неделен пазар. На местото на поранешниот замок било изградено градското собрание во 1826 година. Во текот на Втората шлезвишка војна во 1864 година, Аренсбек кратко време бил под контрола на Австријците, а потоа на Прусите. ВО 1867 година бил основан окружен суд. Во истата година, по Австриско-пруската војна, округот Аренсбек бил доделен на Големото Војводство Олденбург како надомест за нивните наследнички тврдења на новата пруска територија Холштајн.
На 3 септември 1872 година, голем пожар уништил 22 куќи и 10 градби во Аренсбек. Во 1876 година, областа била поделена на два окрузи, урбан и рурален. Железничката линија од Аренсбек до Пениц била отворена во 1886 година.
Помеѓу 1912 и 1933 година, Аренсбек го имал статусот „град (2. класа)“. Во 1928 година било изградено приватно училиште, кое од 1950 година станало јавно. Во 1928 година, градот ја прославил 600-годишнината.
Во 1933 година, Аренсбек го изгубил својот градски статус и станал општина со 19 села во рамките на неговите граници. Окружниот суд бил затворен.
Во април 1945 година, еврејски затвореници од Фирстенгрубе, подкамп на Аушвиц, поминале низ Аренсбек. Постои споменик за жртвите. По Втората светска војна илјадници протерани лица и бегалци се населиле овде: населението се зголемило од 5.063 во 1939 година на 10.169 лица во 1950 година.
Во текот на административната реформа од 1970 година, Аренсбек заедно со поранешниот округ Ојтин станал дел од новиот округ Источен Холштајн.
Од март 1985 година, локалната администрација е сместена во новото општинско собрание близу местото на поранешниот замок.
Во 1988 година железничката линија била затворена.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Аренсбек на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
- Споменик Аренсбек (германски)
|