Трене
![]() | |
Место | Шлезвиг-Холштајн, Германија |
---|---|
Должина | 73 км |
Извор | Треско Езеро 54°25′26″ N; 9°17′08″ E / 54.424° СГШ; 9.2855° ИГДКоординати: 54°25′26″ N; 9°17′08″ E / 54.424° СГШ; 9.2855° ИГД |
Висина на изворот | 23 м над мор. ниво |
Утока | Фридрихштат 54°13′17″ N; 9°31′01″ E / 54.2214° СГШ; 9.517° ИГД |
Висина на утоката | 0 м над мор. ниво |
Спуст | 23 м |
Слив | Ајдер |
Одлив | Ајдер → Северно Море |
Паланки | Фридрихштат |
Села | Тарп, Швабштет |
Пловност | од Швабштет за спортски чамци, во горниот дел педалинки |
![]() | |
Трене кај Волде |
Трене (германски: Treene; дански: Trenen) — река, долга 73 километри, во северниот дел на сојузната поктаина Шлезвиг-Холштајн. Претставува десна притока на реката Ајдер. Извира во северниот дел на полуостровот Ангелн, југоисточно од Фленсбург и главно тече југ-југозапад, пред да се влие во Ајдер близу Фридрихштат.
Трене извира од Треското Езеро близу Гросзолт во округот Шлезвиг-Фленсбург и тече околу 73 километри, поминувајќи низ градот Фридрихштат (во округот Северна Фризија) на 25 километри над Ајдерската брана, каде се влева во Ајдер, како нејзина најважна притока. Бонденау е најважната притока на Трене, која извира 15 километри источно од Треското Езеро, близу Зеруп на полуостровот Ангелн. Така, Трене е необичен случај на река која извира на полуостров во Балтичкото Море, а се влева во Северното Море. Помеѓу Треското Езеро и Тидал постои природен резерват кој покрива област од 20 км² (Ober Treenelandschaft).
Поврзано[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |