Канал Елба-Либек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мост над каналот Елба-Либек во Либек

Канал Елба-Либек (германски: Elbe-Lübeck-Kanal; познат и како Канал Елба-Траве) — вештачки воден пат во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Ги поврзува реките Елба и Траве, што претставува пристапен пат од Елба до Балтичкото Море. Долг е 61,5 километри; на северниот крај е Либек, на јужниот крај е градот Лауенбург. Градот Мелн е долж каналот.

Претходник на каналот бил Каналот Штекниц (Stecknitz Canal), изграден од Ерих IV, војвода на Саксо-Лауенбург, помеѓу 1390 и 1398, правејќи го еден од најстарите вештачки водни патишта во Европа. Овој канал ги поврзувал малите реки Штекниц (притока на Траве) и Делвенау (притока на Елба). Бил дел од старата патека на солта. Каналот Штекниц бил 85 сантиметри длабок, 7,5 метри широк и 94 километри долг. Каналот имал 17 дрвени брани, од кои „Палмшлојзе“ (Palmschleuse) во Лауенбург сè уште постои.

Според авторите Дејвид Кирби и Мерџа-Лиса Хинканен, „патувањето (долж Штекниц) често траело до четиринаесет дена, поради големиот број на брани и на несоодветноста на истите. Голем број на планови за нов канал Балтичко-Северно Море се појавиле уште во XVII век, но ниеден не стигнал на реализација.

Во 1900 година, стариот канал бил заменет од сегашниот канал Елба-Либек. Делумно бил искористен и стариот канал, како и Штекниц и Делвенау. Новиот канал, генерално, бил се исправил, така што ја намалил должината на моменталните 61,5 километри.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 53°33′00″N 10°40′53″E / 53.55000° СГШ; 10.68139° ИГД / 53.55000; 10.68139