Амт Нојхаус

Координати: 53°17′7″N 10°55′56″E / 53.28528° СГШ; 10.93222° ИГД / 53.28528; 10.93222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Амт Нојхаус
Воздушен поглед на средиштето на Амт Нојхаус
Воздушен поглед на средиштето на Амт Нојхаус
Воздушен поглед на средиштето на Амт Нојхаус
Грб на Амт Нојхаус
Амт Нојхаус во рамките на Германија
Амт Нојхаус
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Линебург
Месни единици 8
Градоначалник Андреас Герке (ДХС)
Основни податоци
Површина 237,16 км2
Надм. височина 6 м
Население 4.986 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 21 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LG
Пошт. бр. 19273
Повик. бр. 038841
Портал www.amt-neuhaus.de
Местоположба на Амт Нојхаус во рамките на округот Линебург
Карта
Карта
Координати 53°17′7″N 10°55′56″E / 53.28528° СГШ; 10.93222° ИГД / 53.28528; 10.93222

Амт Нојхаус (германски: Amt Neuhaus; буквално Амт Нојхаус) — општина во округот Линебург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Општината била создадена на 1 октомври 1993 година, а претходно поранешните општини припаѓале во округот Хагенов, во рамки на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во тогашната Источна Германија.

Името на општината потекнува од самата истоимена административна единица која постоела во рамките на Кралството Хановер.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Областа на општината се наоѓа во долината на Елба, северно од Природниот парк Елбхеен-Вендланд и целосно се наоѓа во Биосферниот резерват Долносаксонски Елбталауе. Во северниот дел на општината поминува реката Зуде. Во Зуде, кај Зикау, се влева реката Регниц. Сепак, како главен водотек во општината е Елба, која ја создава југозападната општинска граница. Највисоката точка во општината е 35,7 метри во пошумена област северно од Стиксе.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Општината се состои од седум единици:

  • Делин, со Претен и Зикау
  • Хар, со Дархау, Клајн Банрац и Конау
  • Карсен, со Битер, Брандштаде, Херенхоф, Лафе, Прифелак, Расау и Стиксе
  • Нојхаус, со Розин
  • Штапел, со Гутиц, Помау, Фокфај и Цеце
  • Зумте, со Гилсторф, Крузендорф, Ној Гарге, Ниндорф, Штипелзе и Филе
  • Трипкау, со Боненбург, Гозевердер, Лаке, Пинау, Рафац, Штрахау, Венинген и Вилкенсторф

Историја[уреди | уреди извор]

Стариот Амт Нојхаус: 1689–1945[уреди | уреди извор]

Амт Нојхаус (сино; 1689–1810/15 уште со поделениот Лауенбург 1810/15) во Изборното кнежевство Хановер (1692–1810) и Кралството Хановер (1814–1866)
Руини од граничните кули на Источна Германија на брегот на Елба кај Дархау

Од почетокот на источната колонизација, Амт Нојхаус припаѓал на Војводството Саксо-Лауенбург; по смртта на последниот војвода Јулиј Франц во 1689 година започнал краток конфлик за лауенбуршкиот дел на поранешното војводство помеѓу Изборното кнежевство Хановер – подоцнежното Кралство Хановер – и тогашниот дански Холштајн. Дури во Хамбуршкиот договор од 1693 година било одлучено областа на поранешното војводство да припадне на Кралството Хановер. Во 1698 година бил срушен стариот војводски замок Нојхаус, а камењата биле искористени за градба на ловечките замоци Герде.

Во 1810 година, по француската победа било основано наполеонското Кралство Вестфалија, каде бил создаден департман Долна Елба. По Виенскиот конгрес во 1815 година било создадено Кралството Хановер, додека Војводството Лауенбург било дадено на Данска, но сепак Амт Нојхаус останал дел од Хановер. Во 1820 година, Зумте и Крузендорф биле додадени во областа на Амт Нојхаус, а во 1852 година бил основан суд. По пруската анексија, Кралството Хановер било укинато и била создадена покраина Хановер и областа на Амт Нојхаус била вклучена во округот Блекеде, кој бил укинат во 1932 година и бил вметнат во округот Линебург.

До крајот на Втората светска војна, скоро целата поранешна област на Амт Нојхаус уште припаѓал на округот Линебург и со тоа на покраината Хановер; само селото Ниндорф (во 1974 година припоено во денешното место Зумте) припаѓало на покраината Мекленбург. По војната, оваа хановерска област кратко припаѓала на британската окупациска зона, но од практични причини (немало мостови на Елба) во јули 1945 година била предадена на советската окупациска зона и поради тоа припаѓала на Источна Германија.

Денешниот Амт Нојхаус од 1992 г.[уреди | уреди извор]

Првиот ферибот преку Елба во ноември 1989 година

По мирната револуција во Источна Германија во мај 1990 година во осумте стари општини Делиен, Хар, Карсен, Нојхаус/Елба, Штапел, Зикау, Зумте и Трипкау се спровеле општински избори и на 31 март 1992 година бил создаден Амт Нојхаус од овие осум општини. Осумте општински совети едногласно гласале за префрлање во Долна Саксонија. До 29 јуни 1993 година уште припаѓале на округот Хагенов во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија. На 30 јуни 1993 година бил потпишан покраински договор помеѓу обете покраини. Исто така, мекленбуршкото место Ниндорф, кое од 1 јануари 1974 година припаѓале на Зумте, станало дел од Долна Саксонија. Заедно со осумте општини, кон Амт Нојхаус се приклучиле три места од општината Телдау, Ној Блекеде, Ној Вендиштун и Штипелзе, исто така кон Долна Саксонија. На 30 јуни 1993 година, Ној Блекеде и Ној Вендиштун станале дел од градот Блекеде, додека Штипелзе кон општината Зумте. Во меѓувреме, општините Делиен и Зикау станале дел од општината Нојхаус/Елба.

Од 30 јуни 1993 година, дотогашниот Амт Нојхаус бил составен од шест општини Хар, Карсен, Нојхаус/Елба, Штапел, Зумте и Трипкау и оттогаш бил општинска заедница во Долна Саксонија. На 1 октомври 1993 година, шесте општини на дотогашната општинска заедница Амт Нојхаус станале една општина. Иако општината не е повеќе амт, го задржала името Амт Нојхаус како име за општината.

Преку планираната градба на нов мост на Елба помеѓу Дархау и Ној Дархау во округот Лихов-Даненберг општината подобро би се поврзала со окружниот град Линебург. Сепак, градбата на мостот е одложена поради опасност кон биосферниот резерват.

На 7 јуни 2009 година, граѓаните на општината се изјасниле за спојување на општината кон градот Блекеде, како и општините на општинската заедница Даленбург. Сепак, поголемиот град Блекеде со две третини го отфрлил предлогот. И вториот ваков бил одбиен. Основна причина за одбивањето е финансиската состојба, бидејќи градот има помали долгови во споредба со Даленбург и Нојхаус.

Во областа и ден денес се говори долносаксонскиот јазик.

Политика[уреди | уреди извор]

Амт Нојхаус припаѓа на покраинскиот изборен округ Елба и на сојузниот изборен округ Лихов-Даненберг - Линебург.[2][3]

Општински совет[уреди | уреди извор]

Советот на општината Амт Нојхаус се состои од 14 члена. Општинските избори на 11 септември 2016 година имале излезност од 61,6% и ги дале следниве резултати:[4]

Партија / Список % на гласови Места
CDU 30,4 % 4
Левица 15,9 % 2
SPD 14,2 % 2
FDP 6,5 % 1
независни 33,0 % 5

Градоначалник[уреди | уреди извор]

  • 2011–октомври 2019: Грит Рихтер (независен)
  • од ноември 2019 г.: Андреас Герке (CDU)

Партнерство[уреди | уреди извор]

Амт Нојхаус има воспоставено партнерства со следниве општини:

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Landtagswahlkreise ab 16. Wahlperiode. Wahlkreiseinteilung für die Wahl zum Niedersächsischen Landtag. Anlage zu § 10 Abs. 1 NLWG, S. 4.
  3. Beschreibung der Wahlkreise. Anlage zu § 2 Abs. 2 Bundeswahlgesetz. In: Achtzehntes Gesetz zur Änderung des Bundeswahlgesetzes. Anlage zu Artikel 1. Bonn 18. März 2008, S. 325.
  4. „Kommunalwahl Gemeinde Amt Neuhaus 2016 Endergebnis“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-01-01. Посетено на 2020-04-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]