Амелингхаузен
Амелингхаузен | |
Селската црква „Св. Иполит“ во Амелингхаузен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Линебург |
Општ. заед. | Амелингхаузен |
Градоначалник | Клаудија Калиш |
Основни податоци | |
Површина | 27,26 км2 |
Надм. височина | 62 м |
Население | 4.118 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 151 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | LG |
Пошт. бр. | 21385 |
Повик. бр. | 04132 |
Портал | www.amelinghausen.de |
Местоположба на Амелингхаузен во рамките на округот Линебург | |
Координати | 53°07′36″N 10°12′53″E / 53.12667° СГШ; 10.21472° ИГД |
Амелингхаузен (германски: Amelinghausen) — општина во округот Линебург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Општината се наоѓа во самиот природен парк Линебуршко Поле. Источно од Амелингхаузен се наоѓа горниот тек на реката Лопау, која се влева во истоименото езеро, користено во туристички цели.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината Амелингхаузен се состои од следниве единици:
- Амелингхаузен
- Дензен
- Ецен
Историја
[уреди | уреди извор]Рана историја
[уреди | уреди извор]Местото Амелингхаузен првпат е споменато во документите на 22 мај 1293 година.[2] Првото човечко присуство во областа било пред 15.000 години п.н.е., во периодот на младото камено доба. Околу 3.700 години п.н.е. се забележуваат првите човечки населби во областа.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Името на местото потекнува од бискупот Амелунг фон Верден. Завршницата „-хаузен“ означува дека е понова населба (околу 800 година), бидејќи завршниците „-бург“, „-хаген“, „-инген“, „-роде“ или „-хузен“ се појавиле први.
Среден век и ново време
[уреди | уреди извор]Поседите на бискупот, меѓу кои фармата Јункернхоф, по неговата смрт во 962 година припаднале на Бискупијата Верден, но сепак ги презел неговиот брат Херман Билунг (починат 973), поради што бил екскомунициран.
Амелингхаузен било едно од 16. села за кој бил задолжен големиот фогтај од Винзен. Поседувал сопствен суд и своја судска јурисдикција.
Во периодот од 1603 до 1616 година, војвотката Доротеја спровела разни истраги против вештерки, кои ги изгорела на ридот. Тоа биле едни од последните судења на вештерки во денешна Долна Саксонија.
На 7 јуни 1818 година (недела), во Амелингхаузен избувнал пожар. Во пожарот изгорел целиот стар дел на селото во само два часа.[3]
Старата црква во местото подигната во 1501 година била уништена во пожарот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Nds. StA Wolfenbüttel, 140 A, Nr. 19.
- ↑ Matthias Blazek: Das Löschwesen im Bereich des ehemaligen Fürstentums Lüneburg von den Anfängen bis 1900. Adelheidsdorf 2006, ISBN 3-00-019837-7, p. 184.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Амелингхаузен на Ризницата ?
|