Винзен (Луе)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Винзен (Луе)

Winsen (Luhe)

Главната улица во Винзен
Главната улица во Винзен
Грб на Винзен (Луе)
Винзен (Луе) is located in Германија
Винзен (Луе)
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Харбург
Градски единици 13
Градоначалник Андре Визе (ДХС)
Основни податоци
Површина 109,55 км2
Надм. височина 5 м
Население 35.227 (31 декември 2019)[1]
 - Густина 322 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WL
Пошт. бр. 21423
Повик. бр. 04171
Портал www.winsen.de
Местоположба на градот Винзен (Луе) во рамките на округот Харбург
Карта
Координати 53°22′0″N 10°13′0″E / 53.36667° N; 10.21667° E / 53.36667; 10.21667Координати: 53°22′0″N 10°13′0″E / 53.36667° N; 10.21667° E / 53.36667; 10.21667

Винзен (Луе) (германски: Winsen (Luhe)) — град во округот Харбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува административно седиште на округот Харбург. Сместен е на малата река Луе, близу нејзиниот влив со Елба, околу 25 километри југоисточно од Хамбург и 20 километри северозападно од Линебург.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Градот служи како среден центар помеѓу Линебуршкото Поле и мочуришниот дел на Елба, сместен на реката Луе.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Со општинската реформа од 1972 година, 13 дотогашни самостојни општини Балбург, Борстел, Герден, Хопте, Ласрене, Лудорф, Патенсен, Роторф, Ројдорф, Зангенштет, Шармштет, Штекте и Тенхаузен биле припоени кон Винзен и сега претставуваат негови градски единици.

Клима[уреди | уреди извор]

Винзен се наоѓа во зона помеѓу океанска и континентална клима.

Историја[уреди | уреди извор]

Винзен бил првпат споменат во документ на Бискупијата Верден во 1158 година.[2] Замокот Винзен, првпат споменат во 1315 година,[3] бил подигнат на преминот на Луе за заштита на пристаништето. На почетокот на XV век, била подигната црквата „Св. Богородица“.

Во 1593 година, Доротеа од Данска, вдовица на Вилхелм Помладиот, се преселила во замокот Винзен и живеела таму до нејзината смрт во 1617 година. Во нејзино време биле изградени шталите за коњи. Во Триесетгодишната војна, Данците го окупирале градот и запалиле околу 25 куќи.[4]

На 1 мај 1847 година, Винзен бил поврзан со железницата Хановер-Хамбург.

На 1 јули 1972 година градот бил проширен со околните општини, кои биле припоени кон него, а кои денес претставуваат негови градски единици.

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[5] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:

Година SPD CDU Зелени Левица FDP AfD Слободен Винзен Винзенер Листе Вкупно
2016 8 15 6 1 2 4 1 1 38

Градоначалник[уреди | уреди извор]

Градоначалник и предводник на градската управа од 2011 година е Андре Визе (CDU).

Список на градоначалници од 1946 г.
  • 1946–1948: Вилхелм Ролант (SPD)
  • 1948–1952: Фриц Бројштет (DP)
  • 1952–1956: Алберт Болман (DP)
  • 1956–1971: Фриц Бројштет (DP, од 1959 CDU)
  • 1971–1972: Валтер Кестер (CDU)
  • 1972–1984: Хајнрих Ридел (CDU)
  • 1984–2001: Густав Шредер (CDU)
  • 2001–2005: Бодо Бекедорф (CDU)
  • 2005–2011: Ангелика Боде (независен)
  • од 2011: Андре Визе (CDU)

Градски директор[уреди | уреди извор]

Покрај самиот градоначалник од 1947 година постоела функција градски директор, кој всушност раководел со градската управа. Во 2005 година, оваа функција била споена со таа на градоначалникот.

Список на градски директори
  • 1947–1962: Ерих Лојферт
  • 1962–1969: Гинтер Хамахер
  • 1969–1993: Јенс Фолкерт Фолквардсен
  • 1993–2005: Ангелика Боде

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Винзен е збратимен со следниве градови:

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

Замок Винзен[уреди | уреди извор]

Замокот Винзен бил првпат споменат во 1315 година.[6] Друг документ од 1277 година укажува дека замокот веќе постоел во тоа време.[7][8] Долг период замокот служел како административна зграда и бил седиште на управителите на градот. Денес е седиште на судот; затоа, главно не е отворен за општата јавност. Во 2008 година била отворена изложба во кулата на замокот.

Штали[уреди | уреди извор]

Шталите биле првично наменети за коњи и запрежните коли. Иако се споменува 1599 година како датум на изградба, сепак не се знае точната година на нивното подигнување.[9] Денес, четирикатната фахверк градба претставува туристичко биро, библиотека, локален музеј и изложбен простор.[10]

Црква „Св. Богородица“[уреди | уреди извор]

Изградбата на готската црква започнала околу 1415 година. Бродот бил покриен во 1437 година, наосот во 1465 година. Во 1950-тите, внатрешните украси биле променети. Витражите биле дизајнирани и направени од Клаус Валнер помеѓу 1958 и 1966. Неоготската камбанарија од 62 метри била завршена во 1899 година.[11]

Блауферберхаус[уреди | уреди извор]

Најстарата зачувана станбена куќа се наоѓа во улицата Луе. Блауферберхаус („куќа со сина боја“) била изградена на островот Лие веднаш по големиот градски пожар во 1585 година. Калканот е богато украсен со ренесансни мотиви. Градбата не е отворена за јавност.

Капела „Св. Ѓорѓи“[уреди | уреди извор]

Порано надвор од градот, лепрозариумот „Св. Ѓорѓи“ бил отворен во 1401 година.[12] Капелата била првпат запишана во 1445 година. Денешната градба била изградена во 1776 година, капелата подигната во 1750 година, а денешниот изглед го добила во 1903 година.

Други градби[уреди | уреди извор]

Историските градби на стариот град се наоѓаат на островот Лие.

Старото градско училиште (Alte Stadtschule) било подигнато во 1893 година во историцизам[[Тоа е најстаро училиште во Винзен и денес служи како основно училиште. Горниот кат на главната градба се користи за настани. На спротивната страна на улицата се наоѓала гимназијата изградена во 1889 година. Била уништена во пожар во април 2016 година.[13] Градбата во фахверк била првата гимназија во Винзен.

Историското Градско собрание било подигнато во 1896 година. Поранешната нотарница (Amtsschreiberhaus) била спомената во документ во 1714 година. Хотелот „Цум Вајсен Рос“ постои од 1684 година. Била резиденција на Едвин фон Мантојфел, командант на пруската војска во Австро-пруската војна во 1866 година.

Познати личности[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2019“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2019. (германски)
  2. „1958: Zum 800. Geburtstag wird Winsen Kreissitz“. Winsener Anzeiger (германски). Посетено на 2018-11-12.
  3. H. Sudendorf, Urkundenbuch zur Geschichte der Herzöge von Braunschweig und Lüneburg und ihrer Lande Band I (Hannover 1859), no. 279, document of 28 November 1315
  4. „Winsens Geschichte – von 1158 bis heute“ (германски). Посетено на 2018-11-12.
  5. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten, abgerufen am 10. Januar 2014.
  6. H. Sudendorf, Urkundenbuch zur Geschichte der Herzöge von Braunschweig und Lüneburg und ihrer Lande Band I (Hannover 1859), no. 279, document of 28 November 1315
  7. W. F. Volger, Urkundenbuch der Stadt Lüneburg bis zum Jahre 1369 (Hannover 1872), no. 122, document of 10 April 1277
  8. Brochure of the tourist information center.
  9. Ilona Johannsen: Der Marstall und seine Nutzung, Niedersachsenbuch 2008 Winsen (Luhe), Nieders. Ministerium für Inneres und Sport, pp. 32–33.
  10. Ilona Johannsen: Der Marstall und seine Nutzung, Niedersachsenbuch 2008 Winsen (Luhe), Nieders. Ministerium für Inneres und Sport, pp. 32–40.
  11. Kurt Schoop: Geschichte der Winsener Kirchtürme in: Winsener Geschichtsblätter, no. 11, 1930, p. 41 sq.
  12. Uta Reinhardt: Lüneburger Testamente des Mittelalters 1323 bis 1500, Hanover 1996, no. 58, p. 85. Explicitly mentioned as leprosarium in: Lüneburger Testamente no. 103 on 4 February 1414.
  13. Buchheister, Sara (2016-04-10). „Flüchtlingsunterkunft in Winsen steht in Flammen“. Kreiszeitung Wochenblatt. Посетено на 2016-04-10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]