Траве
Изглед
| Траве кај Локфелд | |
| Место | Шлезвиг-Холштајн, Германија |
|---|---|
| Должина | 113,6 км |
| Извор | кај Аренсбек |
| Утока | кај Травеминде во Балтичкото Море (Либечки Залив) 53°57′39″N 10°53′14″E / 53.960754°N 10.887199°E |
| Слив | Траве |
| Одлив | Балтичко Море |
| Слив | 2.676 км² |
| Десни притоки | Вакениц, Штепениц |
| Леви притоки | Клевер Ау, Швартау |
| Градови | Либек |
| Помали градови | Бад Зегеберг, Бад Олдесло, Рајнфелд, Травеминде |
| Села | Дасов |
Траве (германски: Trave) — река во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Долга е околу 124 километри и тече од изворот близу селото Аренсбек во Источен Холштајн, па сè до Травеминде, кајшто се влева во Балтичкото Море (Либечки Залив). Тече низ местата Бад Зегеберг, Бад Олдесло и градот Либек, каде се поврзува со Каналот Елба-Либек. Реката е пловна за морски бродови од Балтикот до пристаништата на Либек.
Покрај разните мостови што ја сечат, под реката минува тунелот Херен, а по неа оди траект што го поврзува Травеминде со полуостровот Привал.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Траве на Ризницата ?- Тунел Херен
|