Травеминде


Травеминде (германски: Travemünde) — градски дел и приморско одморалиште на Либек, Германија, сместен на устието на реката Траве во Либечкиот Залив. Бил основан како тврдина изградена од Хајнрих Лавот, војвода на Саксонија, во XII век, за да го штити устието на Траве, а подоцна Данците ја засилиле. Станал град во 1317 година, а во 1329 година припаднал како посед на Слободниот Град Либек, на кого и сега припаѓа. Неговите утврдувања биле урнати во 1807 година.
Травеминде претставува приморско одморалиште од 1802 година и е најголемо фериботско пристаниште на Балтичкото Море во Германија со линии до Шведска, Финска, Русија, Латвија и Естонија. Светилникот е најстариот на германскиот балтички брег, кој потекнува од 1539 година. Друга знаменитост на Травеминде е едрилицата „Пасат“, музејски брод закотвен во устието на реката Траве.
Трката „Травеминдска недела“ (Travemünder Woche) — годишна едриличарски настан, кој се одржува во Травеминде. Покрај ова, местото е познато и по песочниот фестивал.
Литература
[уреди | уреди извор]Приморското одморалиште од XIX век било доловено од Томас Ман во неговиот роман „Буденброкови“. Травеминде е опишан од Ман како место на слобода, среќа и — во случајот на Антони — љубов, во спротивност со проблемите од секојдневниот живот.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Здравствен хотел, проектиран од архитектот Јозеф Кристијан Лили
-
Устие на реката Траве
-
Казиното на Травеминде, сега хотел Колумбија
-
Железничката станица во Травеминде
-
Фонтана на плоштад во близина на железничката станица, почеток на шеталиштето
-
Туристички бродови и покриени плетени корпи
-
Поглед на градот од шеталиштето
-
Шопинг-улицата Фордераје (Vorderreihe)
-
Административна зграда од 1551 година, една од најстарите градби во местото
-
Поглед од шеталиштето, плажата и хотелот Колумбија
-
Реката Траве со високиот едриличарски брод „Пасат“ и панорама на градот
-
Стари куќи и камбанаријата на црквата Св. Лоренц
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Травеминде“ на Ризницата ? |
![]() |
Википатување има туристички водич за Травеминде. |
- Официјална страница
- Официјална туристичка страница
- Галерија од Травеминде
- Историски снимки од Травеминде, 1919
53°58′N 10°52′E / 53.967°N 10.867°E
|