Црква Свети Петар (Хамбург)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Hauptkirche St. Petri
Petrikirche
Камбанаријата на црквата
Црква Свети Петар (Хамбург) is located in Хамбург
Црква Свети Петар (Хамбург)
Покажана во рамките на Хамбург
Општи податоци
ВидЕвангелистичка црква
Стилготски
МестоХамбург, Германија
Координати53°33′01″N 9°59′47″E / 53.550278° СГШ; 9.996389° ИГД / 53.550278; 9.996389
Висина132 м (433 ст)

Црквата Свети Петар (германски: Hauptkirche St. Petri, општонаречена: Petrikirche)] во Хамбург бил изградена на врвот на многу цркви. Била изградена со наредба на папата Лав X.

Историја[уреди | уреди извор]

Се верува дека црквата е во првичната област Хамабург и дека претходни цркви постоеле на местото. Свети Петар веројатно е изградена на почетокот на 11-от век; првпат била документирана во 1195, како црква на плоштад или ecclesia forensis. Во околу 1310, црквата била повторно изградена во готски стил и била завршена приближно во 1418. Бронзените рачки на вратите во форма на лав, најстарото уметничко дело во Хамбургх, потекнуваат од создавањето на кулата во 1342.

Втората кула, изградена во 1516, повисока дури и над Хамбуршката катедрала. Распаѓањето предизвикала таа да биде урната помеѓу 1804 и 1807, откако била користена од војниците на Наполеон како коњска штала.[1] Зградата била жртва на големиот пожар, кој го зафатил Хамбург во 1842. Повеќето уметнички дела, како што се лавјите бронзени рачки на вратите, биле зачувани. Портата Петри била тешко оштетена во пожарот, но била зачувана и на крајот изградена како Museum für Hamburgische Geschichte (основан во 1922 и наречен hamburgmuseum од 2005) и вратите биле повторно обновен во 1995.

Само седум години по големиот пожар, готската црква била повторно изградена од архитектите Алексис де Шатонеф и Херман Фелзенфест на претходната локација. Во 1878, 132 метри високата камбанарија - нејзината бакарна купола била проектирана од Јохан Мак — била завршена.

Во првата половина на 20-от век, парохијата изгубила многу членови, како што станбените населби се уривале за развој на банките и трговските продавници во центарот на градот. Црквата била релативно неоштетена во текот на Втората светска војна. Во 1962, во близина почнал да се гради општествен центар, биле откриени основите на средновековна кула Bischofsturm („Бискупската кула“).

Во 1979, протестантите против јадрена енергија, вклучувајќи го и свештеникот Кристоф Штермер, ја окупирале црквата. Од 2005 до 2007, на западната и јужната фасада на црквата биле закачени огромни постери, кои го рекламирале Х&М синџир на продавници за облека, така обезбедувајќи средства за одржување на црквата.

Уметност[уреди | уреди извор]

Рачките на вратите со лавји глави

Најпознатите уметнички дела во црквата Свети Петар се рачките на вратите со лавји глави, кои се наоѓаат во левото крило на западниот влез. Меѓутоа, црквата содржи и многу други уметнички дела.

Во северниот дел на црквата, готски мурал од приближно 1460 го покажува првиот бискуп Ансгар на Бремен, со зборовите „Апостол на Северот“. Делот предвиден за хорови содржи статуа од Бернт Нотке, од околу 1480-1483, покажувајќи го надбискупот Ансгар и хамбуршката Маринкирхе, која тој ја основал.

Од 17-от век, постојат две слики во масло од Готфрид Либалт: Сонот на Јаков и Христовото раѓање. Тие биле оштетени при нападот со киселина во 1977, но биле реставрирани во октомври 2001 и вратени во црквата.

Сликата Божиќ 1813 во Свети Петар е во јужниот дел на црквата. Ги покажува граѓаните на Хамбург, кои кога не обезбедувале храна за окупациските трупи на Наполеон, биле заклучени во црквата од војниците. Во предниот дел на црквата се неоготските претставувања на евангелистите. Модерна бронзена скулптура од Фриц Флер го покажува Дитрих Бонхефер облечен како обвинет со врзани раце.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Верг, Ерих; Верг, Мартин (2007), Das Abenteuer das Hamburg heißt (4то. изд.), Хамбург: Ellert&Richter, стр. 90, ISBN 9783831901371 (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]