Прејди на содржината

Хедвигенког

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хедвигенког
Здобиена земја од Северното Море кај Хедвигенког
Здобиена земја од Северното Море кај Хедвигенког
Здобиена земја од Северното Море кај Хедвигенког
Грб на Хедвигенког
Хедвигенког во рамките на Германија
Хедвигенког
Управа
Земја Германија
ПокраинаШлезвиг-Холштајн
ОкругДитмаршен
Месна заед.Бизум-Веселбурен
ГрадоначалникКлаус Николај
Основни податоци
Површина16,36 км2
Надм. височина0 м
Население 224 (31 декември 2022)[1]
 - Густина14 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.HEI
Пошт. бр.25761
Повик. бр.04833, 04834
Порталamt-buesum-wesselburen.de
Местоположба на Хедвигенког во рамките на округот Дитмаршен
Карта
Карта
Координати54°11′N 8°50′E / 54.183°N 8.833°E / 54.183; 8.833

Хедвигенког (германски: Hedwigenkoog) — општина во округот Дитмаршен, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Хедвигенког се наоѓа на брегот на Северното Море, северно од Бизум. Се состои од 1.600 хектари мочуриште здобиено од морето (наречено „ког“ на германски) и заштитено со брана во 1696 година за да се обезбеди земјена врска помеѓу Бизум и Веселбурен. Првиот дел од нејзиното име доаѓа во чест на Хедвиг Софија од Шведска, жена на војводата Фридрих IV на Шлезвиг-Холштајн-Готорп.

Грбот на општината е изменета верзија на печатот на војводата и прикажува лебед кој држи јагула. Животните во првобитната верзија биле штрк и змија.

Стопанството на Хедвигенког се заснова на земјоделство и ветерна енергија, како и туризам, кој во последните години е растечка гранка.

  1. ↑ „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)