Марне
| Марне | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
| Округ | Дитмаршен |
| Месна заед. | Марне-Северно Море |
| Градоначалник | Ханс-Јоахим Мелер (СДП) |
| Основни податоци | |
| Површина | 4,83 км2 |
| Надм. височина | 3 м |
| Население | 6.037 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 1.250 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | HEI |
| Пошт. бр. | 25709 |
| Повик. бр. | 04851 |
| Портал | www.marne.de |
| Местоположба на градот Марне во рамките на округот Дитмаршен | |
| Координати | 53°57′N 9°00′E / 53.950°N 9.000°E |
Марне (германски: Marne) — град во округот Дитмаршен, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа близу брегот на Северното Море, околу 30 километри јужно од Хајде и 25 километри североисточно од Куксхафен.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Марне-Северно Море.
Историја
[уреди | уреди извор]Име
[уреди | уреди извор]Марне бил спомнат во XII век како Мирне (Myrne), во XV век како Роден Мерне (Roden Merne) и Роден Маре (Roden Marre). На почетокот на XVI век се појавило името Марне, освен во 1559 година Мерне. Името потекнува од старосаксонскиот јазик и означува „населба на висок брег“ (Siedlung am hohen Ufer).[2]
Ново време
[уреди | уреди извор]На 1 октомври 1891 година, Марне ги добил градските права и се одвоил од тогашната Црковна парохиска општина Марне.[3]
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Марне е збратимен со следниве градови:
Бург Штаргард, Германија (од 1990 г.)
Луѓе
[уреди | уреди извор]- Карл Миленхоф (1818-1884) — германски филолог
- Иво Брак (1906-1991) — германски писател
Галерија
[уреди | уреди извор]- Црква и Градското собрание
- Пиварница „Хинц“ (Hintz)
- Старата аптека во градот (основана 1755 г.)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)
- ↑ Hanswilhelm Haefs: Ortsnamen und Ortsgeschichten in Schleswig-Holstein, S. 164 (Digitalisat)
- ↑ Населението во општините во Шлезвиг-Холштајн 1867–1970. Статистичка служба на Шлезвиг-Холштајн. 1972. стр. 49.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Марне на Ризницата ?- *Официјална страница (германски)
|
| Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
