Харпија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Средновековен опис на Харпија како жена-птица

Xарпија (Грчки: ἅρπυια, harpyia; Лат: harpeia) е крилест дух во старогрчката митологија. Харпиите постојано му ја краделе храната на Финеј. Буквалното значење на зборот „харпија“ изгледа дека е „крадливка“, бидејќи произлегува од древниот грчки збор „ἁρπάζειν“, што значи „да граба/открадне“. Вообичаено, тие се претставени како девојки со тела на птици. Според второто пеење на „Енеидата“, тие живееле на групата острови Строфади во Јонското Море. Една од нив им претскажала глад на Тројанците.[1]

Харпиите биле сестри на Ирис, односно ќерки на Тавмант и океанидата Електра. Трите харпии се: Ела (брза како бура), Келена (темната) и Окипета (брзолета). Една од харпиите Харпија е мајка на коњите од Ахил, чиј татко пак бил западниот ветер Зефир.[2] Хесиод[3] ги нарекува две „прекрасни влакнести“ суштества, па во грнчарската уметност харпиите се претставени како крилести убавици. Харпиите како грди крилести жени-птици (на пример, кај Евменидите од Есхил) се подоцнежен производ, заради помешувањето со сирените. Римските и византиските автори ја детализирале нивната грдотија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 79.
  2. Илијада xvi. 150.
  3. Hesiod, Theogony, 267.
Wikisource-logo.svg
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: