Еринии

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Еринии (грчки: Ἐρῑνύες[ῠ]) или Фурии обично биле жители на Адот, како и Хеката. Хесиод пее за тоа како Ериниите биле родени од крвта која паднала на земјата по кастрацијата на Уран, а според други тие се потомци на Ноќта. И двете верзии се соодветни според нивната сфера и нивните моќи.

Обично во книжевноста се опишани како ужасни жени кои носат змии во своите раце или коса и носат факели и стапови, безмилосни и осветнички на злочин, особено убиство или пролевање на роднинска крв и тие можат бесконечно да гонат некој кој пролеал родителска крв. Ериниите веројатно се претставнички на стариот морален ред на правдата во рамките примитивното општество, каде кодот „око за око – заб за заб“ се спроведува од лична крвна освета од фамилијата или кланот. Ова се согледува во Есхиловата трилогија „Орестија“, каде Ериниите го прогонуваат Орест по убиството на сопствената мајка, но нивната улога е заменета со новиот ред на правдата: Ареопагот, судот во Атина.

Последната трагедија Евмениди – „Љубезни“, под кое име биле почитувани во Атина, се логичка еволуција на Ериниите со напредокот на хеленската цивилизација.