Дипхолц (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дипхолц
Diepholz
округ
Знаме на Дипхолц
Знаме
Грб на Дипхолц
Грб
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
СедиштеДипхолц
Површина
 • Вкупна1.987 км2 (767 ми2)
Население (31 декември 2019)[1]
 • Вкупно217.089
 • Густина110/км2 (280/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.DH
Мреж. местоdiepholz.de

Дипхолц (германски: Diepholz) — округ во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со окрузите Ферден, Нинбург, Минден-Либеке (во Северна Рајна-Вестфалија), Оснабрик, Фехта и Олденбург, и со градовите Делменхорст и Бремен. Најнаселена општина е Штур крај границата со Бремен.

Историја[уреди | уреди извор]

Од XII век до 1585 г. Дипхолц бил суверено господство, а подоцна грофовија во состав на Светото Римско Царство. На почетокот на XVI век таа претрпела голем притисок од моќното војводство Брауншвајг-Линебург, кое се обидело да ги припои кон себе помалите околни држави. Дипхолц склучил сојуз со соседната Грофовија Хоја и побарал помош од царот, така што државата успеала да остане уште неколку десетлетија. Во 1585 г. владејачкото семејство изумрело, па Дипхолц бил присвоен од Врауншвајг-Линебург.

Во 1932 г. е основан округот Грофовија Дипхолц со спојување на дотогашните окрузи Дипхолц и Зулинген. Првоспоменатиот бил приближно ист како средновековната држава, а Зулинген прешол од Грофовијата Хоја.

Денешниот округ е создаден во 1977 г. спојуваќи ги поранешните окрузи Грофовија Дипхолц со округот Грофовијаа Хоја, а самиот град Хоја влегол во округот Нинбург.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се протега од јужните предграфија на Бремен до границата со Северна Рајна-Вестфалија. На југ е езерото Димер, (16 км2), опружено со слатина. Тука, во трскарниците се гнездат разни ретки видови птици. Најсеверниот дел на округот е покриен со шуми и обработливо земјиште.

Грб[уреди | уреди извор]

На окружниот грб е претставен лав, наследен од грофот на Дипхолц. Мечкините канџи се земени од грбот на Хоја. Ова го симболицира соединувањето на грофовиите во 1977 г.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови и општини во округот Дипхолц
Градови Општински заедници
  1. Басум
  2. Дипхолц
  3. Зике
  4. Зулинген
  5. Твистринген


Слободни општини

  1. Вагенфелд
  2. Ваје
  3. Штур
  1. Брокум
  2. Квернхајм
  3. Лембрух
  4. Лемферде1
  5. Марл
  6. Хиде
  7. Штемсхорн
  1. Ајделштет
  2. Барнсторф1
  3. Дребер
  4. Дрентведе
  1. Азендорф
  2. Бруххаузен-Филсен1
  3. Мартфелд
  4. Шварме
  1. Борстел
  2. Зиденбург1
  3. Мазен
  4. Мелингхаузен
  5. Штафхорст
  1. Баренборстел
  2. Баренбург
  3. Верблек
  4. Кирхдорф1
  5. Фарел
  6. Фрајштат
  1. Барвер
  2. Вечен
  3. Дикел
  4. Реден1
  5. Хемсло
  1. Афингхаузен
  2. Еренбург
  3. Зудвалде
  4. Нојенкирхен
  5. Шваферден1
  6. Шолен
1седиште на општинската заедница

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2019“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2019. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 52°40′ N; 8°35′ E / 52.67° СГШ; 8.58° ИГД / 52.67; 8.58