Ротенбург (округ)
| Ротенбург Landkreis Rotenburg | ||
|---|---|---|
| округ | ||
| ||
| Земја | ||
| Покраина | Долна Саксонија | |
| Седиште | Ротенбург на Виме | |
| Површина | ||
| • Вкупна | 2.070 км2 (800 ми2) | |
| Население (31 декември 2022)[1] | ||
| • Вкупно | 167.604 | |
| • Густина | 81/км2 (210/ми2) | |
| Час. појас | CET (UTC+1) | |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
| Рег. таб. | ROW или BRV | |
| Мреж. место | landkreis rotenburgwuemme.de | |

Ротенбург (германски: Rotenburg) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во градот Ротенбург на Виме.
Округот нема граница со отворено море и се граничи (од север надесно) со следниве окрузи: Штаде, Харбург, Хајде, Ферден, Остерхолц и Куксхафен.
Географија
[уреди | уреди извор]Реката Виме тече низ округот од исток на запад. Мочуришната област на обете страни на реката е наречена Депресија Виме (Wümmeniederung).
Историја
[уреди | уреди извор]Во средниот век, областа била дел од бискупиите на Бремен и Ферден. По протестантската реформација, бискупиите станале секуларни кнежевства, вообичано наречени Бремен-Ферден и на крај областа станала дел од Кралството Хановер.
Денешниот округ бил основан во 1977 година со спојување на поранешните окрузи Ротенбург и Бремерферде.
Грб
[уреди | уреди извор]Грбот прикажува:
- лав што носи крст; лавот бил хералдичко животно на Хановер, а крстот ја претставува Бискупијата Ферден
- двата прекрстени клуча доаѓаат од грбот на Надбискупијата Бремен
Градови и општини
[уреди | уреди извор]
| Градови | Слободни општини | Општински заедници | ||
|---|---|---|---|---|
|
|
| ||
| 1седиште на општинската заедница; 2град | ||||
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Ротенбург (округ)“ на Ризницата ? |
- Матична страница
(германски)
| ||||||||
|
