Фиселхеведе
Фиселхеведе
Visselhövede | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Ротенбург |
Градоначалник | Ралф Гебел (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 158,85 км2 |
Надм. височина | 70 м |
Население | 9.792 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 62 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | ROW |
Пошт. бр. | 27374 |
Повик. бр. | 04262 |
Портал | www.visselhoevede.de |
Местоположба на градот Фиселхеведе во рамките на округот Ротенбург | |
![]() | |
Координати | 52°58′0″N 9°35′0″E / 52.96667°N 9.58333°E |
Фиселхеведе (германски: Visselhövede; долногермански: Visselhöövd) — мал град во округот Ротенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на западниот раб од Линебуршкото Поле.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Фиселхеведе се наоѓа на надморска височина од 70 метри. Највисока точка во градското подрачје е Хеленберг во местото Дрегенбостел со 93,4 метри. Во парк во самиот град извира реката Фисел. Исто така, во градското подрачје се наоѓаат и изворите на Лерде, десна притока на Алер, Варнау и на Родаѕ, притока на Виме.
Градот се наоѓа во триаголникот Бремен–Хамбург–Хановер.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Фиселхеведе покрај самото градско јадро се состои од 14 места како Блекведел, Буххолц, Дресел, Дрегенбостел, Хидинген, Јединген, Кетенбург, Лидинген, Ниндорф, Отинген, Розебрух, Швичен, Вензен и Виторф.
Околу половина од населението живее во самото градско јадро, а другата половина во другите помали места во самото градско подрачје.
Соседни градови
[уреди | уреди извор]Соседни градови и општини се: општината Кирхлинтелн во округот Ферден, општинската заедница Ботел во округот Ротенбург и општината Нојенкирхен во округот Хајде, како и градовите Золтау и Валсроде.
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]Градскиот совет се состои од 24 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 9.001 и 10.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
Партија / Листа | Места |
CDU | 10 (− 1) |
SPD | 7 (− 2) |
Grüne | 3 (− 1) |
FDP | 1 (± 0) |
Ние во Фиселхеведе (WiV) | 3 (+ 2) |
Градоначалник
[уреди | уреди извор]Градоначалник од 2014 година е Ралф Гебел (независен).
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Градската црква „Св. Јован“
-
Поранешна фабрика за мед и восок
-
Градското собрание
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten[мртва врска], abgerufen am 16. September 2016
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Фиселхеведе“ на Ризницата ? |
- Матична страница
(германски)
|