Кенигслутер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кенигслутер
Црквата „Св. Себастијан“ и градското собрание
Црквата „Св. Себастијан“ и градското собрание
Грб на Кенигслутер
Кенигслутер се наоѓа во Германија
Кенигслутер
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хелмштет
Градски единици 18
Градоначалник Александер Хопе (SPD)
Основни податоци
Површина 130,58 км2
Надм. височина 134 м
Население 15.880 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 122 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HE
Пошт. бр. 38154
Повик. бр. 05353
Портал www.koenigslutter.de
Местоположбата на градот Кенигслутер во рамките на округот Хелмштет
Карта
Координати 52°15′00″ СГШ 10°49′00″ ИГД / 

Кенигслутер (службено наречен Кенигслутер на Елм; германски: Königslutter am Elm) — град со околу 16.000 жители во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Кајзердом (Kaiserdom)

Градот се наоѓа во средишниот дел на Природниот парк Елм-Лапвалд и на североистоќната страна на пошумениот врв Елм. Блиски големи градови се Брауншвајг на околу 23 километри западно и Волфсбург на околу 20 километрисеверно; окружниот град Хелмштет се наоѓа на околу 15 километри источно од Кенигслутер. Низ Кенигслутер поминува познатиот пат на фахверкот.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Следниве градови и општини граничат со Кенигслутер (од север надесно):

Градски единици[уреди | уреди извор]

  • Бајенроде
  • Бојмшторф
  • Борнум на Елм
  • Гленторф
  • Грос Штајнум
  • Клајн Штајмке
  • Кенигслутер (градот со Шодерштет и Хагенхоф)[2]
  • Лауинген
  • Лелм
  • Оксендорф
  • Роде (со Бисдорф)
  • Ризеберг
  • Ротенкамп
  • Роторф
  • Шепау
  • Шикелсхајм
  • Зунштет
  • Ури

Кон Кенигслутер на Елм припаѓа и населбата Лангелебен на Елм.

Припојувања[уреди | уреди извор]

До нивното припојување во 1924 година, селата Оберлутер и Штифт Лутер (Кајзердом) претставувале посебни општини.

Големо проширување градот доживеал при административната реформа во Долна Саксонија од 1 март 1974 година, кога се припоиле општините Бајенроде (од Гифхорн), Бојмшторф, Борнум на Елм, Гленторф, Грос Штајнум, Клајн Штајмке (од округот Гифхорн), Лауинген, Лелм, Оксендорф, Роде (обете од округот Гифхорн), Ризеберг, Ротенкамп, Роторф, Шепау, Шикелсхајм, Зунштет и Ури (од округот Гифхорн).[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Поглед на Кенигслутер во 1650 година

Село наречено „Лутере“ (Lûtere) во Војводството Саксонија било прв пат споменато во декрет од 1135 година, кога царот Лотар III основал бенедиктански манастир посветен на Светите Петар и Павле. Црквата претставува голема романескна базилика, каде се закопани тој и неговата сопруга Рихенза Нортхајмска, како и неговиот зет, велфскиот војвода Хајнрих Гордиот. Местото било именувано по блискиот карстен извор на потокот Лутер (од средногорногерманскиот јазик: lauter, „чист“).

Воден замок бил изграден околу 1200 година и во 1318 година била забележана околна населба како пазарен град. Околу 1400 година, војводите на Брауншвајг ѝ доделиле на населбата градски права. Од XIV век натаму, местото било наречено Конигеслутере (Konnigesluttere), во чест на царот Лотар III.

Сместен на трговскиот пат од Брауншвајг до Магдебург (денешниот автопат 1), производството на пиво и ископување на варовник биле главните индустрии во раното ново време, додека манастирот се развил како свето одредиште. До 1924 година, манастирот и блиската населба Оберлутер (Oberlutter) биле споени како град. Манастирската црква е позната по своите скулптури и гробот на царот.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Кенигслутер е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2016“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2015. http://www1.nls.niedersachsen.de/statistik/.  (германски)
  2. Hauptsatzung der Stadt (PDF), abgerufen am 28. Oktober 2014.
  3. „Historisches Gemeindeverzeichnis für die Bundesrepublik Deutschland. Namens-, Grenz- und Schlüsselnummernänderungen bei Gemeinden, Kreisen und Regierungsbezirken vom 27. 5. 1970 bis 31. 12. 1982“. Статистичката служба на Долна Саксонија. 1983. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]