Прејди на содржината

Шпеле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шпеле
Плоштадот во Шпеле
Плоштадот во Шпеле
Плоштадот во Шпеле
Знаме на Шпеле
Грб на Шпеле
Шпеле во рамките на Германија
Шпеле
Управа
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругЕмсланд
Општ. заед.Шпеле
ГрадоначалникАндреас Венингхоф (ДХС)
Основни податоци
Површина34,2 км2
Надм. височина35 м
Население 10.238 (31 декември 2022)[1]
 - Густина299 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.EL
Пошт. бр.48480
Повик. бр.0 59 77
Порталspelle.de
Местоположба на Шпеле во рамките на округот Емсланд
Карта
Карта
Координати52°22′0″N 7°28′0″E / 52.36667°N 7.46667°E / 52.36667; 7.46667

Шпеле (германски: Spelle) — општина во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 20 километри југоисточно од градот Линген, а 10 километри северно од Рајне.

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Шпеле се наоѓа во јужниот дел во округот Емсланд, непосредно северно од покраинската граница со Северна Рајна-Вестфалија. Низ општината тече Шпелер Аа. Околу 3 километри југозападно поминува ракав од каналот Дортмунд-Емс.

Општински единици

[уреди | уреди извор]

Кон општината Шпеле припаѓаат и следниве места Фаренроде и Фенхаус.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Соседни општини на југоисток е градот Херстел, на југ е градот Рајне (обата во округот Штајнфурт), на запад се општините Залцберген и Емсбирен, на север е општината Лине и на исток е општината Шапен (сите во округот Емсланд).

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]