Есен (Олденбург)
Есен | ||
Општинското собрание | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Клопенбург | |
Месни единици | 19 | |
Градоначалник | Хајнрих Кресман | |
Основни податоци | ||
Површина | 97,97 км2 | |
Надм. височина | 26,10 м | |
Население | 9.101 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 93 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | CLP | |
Пошт. бр. | 49632 | |
Повик. бр. | 05434, 05438 | |
Портал | essen-oldb.de | |
Местоположба на Есен во рамките на округот Клопенбург | ||
Координати | 52°43′16″N 7°56′26″E / 52.72111° СГШ; 7.94056° ИГД |
Есен (службено: Есен (Олденбург); германски: Essen (Oldenburg)) — општина во округот Клопенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Хазе, околу 5 километри северно од Квакенбрик и 15 километри југозападно од окружниот град Клопенбург.
Општината е составена од 18 места и Есен како нејзино средиште. Името Олденбург се поврзува со местоположбата во јужниот дел на Олденбуршкиот крај.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Есен припаѓа на географската област Артланд, наоѓајќи се во рамки на Северногерманската Низина. Низ општината тече реката Хазе.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината Есен е составена од следниве единици: Адруп (298), Ахаузен (144), Барлаге (74), Бартмансхолте (242), Бевердик (11), Беверн (714), Бокел (10), Брокстрек (447), Калхорн (168), Дарел (32), Есен-Орт (вкл. Остендорфе) (4015), Фелде (128), Гут Лаге (32), Херберген (181), Хилзенмор (1300), Нордхолте/Штатсхолте (43), Остересен (302), Зандлох (85), Уптлох (345) (во загради бројот на жители).[2]
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Соседни општини се следниве: на север Ластруп и Капелн, на исток Бакум, на југ општинската заедница Артланд, на запад Ленинген, како и на југоисток Динклаге.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Парохиската црква во Есен
-
Поранешен хотел
-
Гут Лаге
-
Историска ветерница
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|