Мисирка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мисирка
2006-ca-turkey.jpg
Дива мисирка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Фазани
Потсемејство: Мисирки
Род: Мисирка
Linnaeus, 1758
Видови

M. gallopavo
M. ocellata

Пауновидна мисирка (мажјак)
Meleagris gallopavo

Мисирка (науч. Meleagris) — род големи птици со потекло од Америка. Опфаќа два вида: еден е дивата мисирка (Meleagris gallopavo) од шумите на Мексико и САД, подоцна припитомена во облик на домашната мисирка, а другиот е пауновата мисирка (Meleagris ocellata) со потекло од шумите на полуостровот Јукатан.[1] Мажјаците имаат забележлива месеста брадичка или израсток виснат од клунот. Како и многу други кокошковидни птици, мажјакот е поголем и многу пошарен од женката.

Таксономија[уреди | уреди извор]

Родот му припаѓа на семејството на фазаните (Phasianidae) и е сместен во сопствено потсемејство мисирки (Meleagridinae) од редот на кокошковидните (Galliformes).[2]

Фосилни наоди[уреди | уреди извор]

Пронајдени се фосили на разни изумрени видови мисирки, почнувајќи од раниот миоцен (пред ~ 23 мг)

  • Meleagris sp. (ран плиоцен во долината Боун, САД)
  • Meleagris progenes (доцен плиоцен, округ Мид, САД)
  • Meleagris sp. (доцен плиоцен во копот Макасфалт, САД)
  • Meleagris californica (доцен плеистоцен на југозападот на САД)
  • Meleagris crassipes (доцен плеистоцен на југозападот на САД)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Donald Stanley Farner and James R. King (1971). Avian biology. Boston: Academic Press. ISBN 0-12-249408-3. 
  2. Crowe, Timothy M.; Bloomer, Paulette; Randi, Ettore; Lucchini, Vittorio; Kimball, Rebecca T.; Braun, Edward L. & Groth, Jeffrey G. (2006a): Supra-generic cladistics of landfowl (Order Galliformes). Acta Zoologica Sinica 52(Supplement): 358–361. PDF fulltext

Литература[уреди | уреди извор]

  • Madge and McGowan. Pheasants, Partridges and Grouse. ISBN 0-7136-3966-0.
  • National Geographic Society (2002). Field Guide to the Birds of North America. Washington, D.C.: National Geographic Society. ISBN 0-7922-6877-6.
  • Porter, W. F. (1994). "Family Meleagrididae (Turkeys)". In del Hoyo, J., Elliott, A. & Sargatal, J. eds. Handbook of the Birds of the World, Vol. 2. New World Vultures to Guineafowl. Barcelona: Lynx Edicions, pp. 364–375. ISBN 84-87334-15-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]