Прејди на содржината

Кокошковидни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кокошковидни
Кокошковидни
Период: еоцен-холоцен
Цејлонски див петел (Gallus lafayetii)
Научна класификација [ у ]
Класа: Птици
клад: Нововилични
Ред: Кокошковидни
Temminck, 1820
Семејства (денешни)
Синоними

Gallimorphae

Кокошковидни (научGalliformes) — ред птици со крупно тело, каде спаѓаат: кокошките, мисирките, тетребите, фазаните и еребиците. Името им доаѓа од лат. "gallus," — петел. Во овој ред има околу 290 вида птици распространети низ целиот свет. Некои од нив со тек на време станале домашна живина.

Големината на овие птици варира од 12,5 до 120 см и тежина од 28 g до 14 кг. Повеќето кокошковидни се птици со дебелко тело, дебел врат и средно долги нозе и имаат кратки заоблени крила. Иако многу од нив се лоши летачи, сепак не постои вид од овој ред што не може да лета. Возрасните мажјаци често имаат една или неколку остри мамузи на секоја нога кои ги користат во борба. Половиот диморфизам е изразен кај повеќето видови. Кокошковидните се обично седентарни птици, но има некои од помалите видови, како потполошката која е преселница. Се хранат со растенија, но почесто се сештојади, и тие видови се набиени со кратки и дебели клунови. Младенчињата се хранат со инсекти. Кокошковидните обично се полигамни и несат по повеќе од 10 јајца. Младенчињата многу брзо растат.

Дива мисирка

Семејства и потсемејства

[уреди | уреди извор]
  • семејство † Paraortygidae
  • семејство † Quercymegapodiidae
  • семејство † Sylviornithidae
  • семејство Megapodidaeтумбарки
  • семејство Cracidaeкраксови
  • натсемејство Phasianoidea
    • семејство † Gallinuloididae
    • семејство Odontophoridaeзабоклуни потполошки
    • семејство Numididaeбисерки
    • семејство Phasianidaeфазани, еребици и сродници
      • потсемејство Arborophilinae
      • потсемејство Coturnicinae
      • потсемејство Pavoninae
      • потсемејство Gallininae
      • потсемејство Meleagridinaeмисирки
      • потсемејство Perdicinae
      • потсемејство Tetraoninaeтетреби
      • потсемејство Phasianinae — вистински фазани

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]