Папагаловидни
Папагали Период: ран еоцен[1] – денес | |
---|---|
![]() | |
Сино-жолта ара во лет | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Инфракласа: | Нововилични |
Надред: | Нови птици |
Ред: | Папагали Wagler, 1830 |
Натфамилии | |
какадуа (Cacatuoidea) | |
![]() | |
Распространетост на папагалите, сите видови (црвено) |
Папагаловидни (науч. Psittaciformes) — ред на птици од јужните краишта на светот. Постојат околу 360 видови папагали. Меѓу нив спаѓаат: ара-папагалите, какадуата, нимфите, малите долгоопашести папагали (тигрици). Ги има во голем број во сите тропски и суптропски подрачја на двете полутопки, особено во тамошните шуми. Големината им се движи од 10 см (папагал тигрица) до 0,8 м (ара). Тешки се од 10 до 850 гр. Животниот век им се движи од десетина (папагал-тигрица) до 80 години (ара). По спарувањето, арата, тигрицата и другите папагали остануваат со својот партнер до крајот на животот. Женката несе од 2 до 8 јајца, зависно од видот, најчесто во дупка во некое дрво или каде било во природата. Квачењето трае од 18 до 30 дена, во зависност од видот.
Групата е дели на три потфамилии: какадуа (Cacatuoidea), вистински папагали (Psittacoidea) и новозеландски папагали (Strigopoidea).
Папагалите како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
- „Папагалот и мачката“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[2]
- „Флоберовиот папагал“ - книга на писателот Џулијан Барнс.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Waterhouse, David M. (2006). „Parrots in a nutshell: The fossil record of Psittaciformes (Aves)“. Historical Biology. 18 (2): 223–234. doi:10.1080/08912960600641224.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 95.
- ↑ Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 10.