Врани
Врани | |
---|---|
![]() | |
Гавран Corvus corax | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Подред: | Врапчеви |
Семејство: | Врани Vigors, 1825 |
Родови | |
види во текстот | |
![]() | |
Распространетост на враните |
Врани (науч. Corvidae) — семејство птици, најголеми претставници од редот на врапчевидните, кои живеат низ целиот свет. Има 23 рода [1][2] и над 120 вида, од кои родот на гавраните (Corvus) вклучува повеќе од една третина од вкупниот број.
Опис
[уреди | уреди извор]Враните се големи до многу големи врапчеви птици, со силна градба, силни нозе, а кај сите видови (со исклучок на еден) носниците се покриени со влакненца. Во умерените подрачја враните се најчесто црни, сивкави или сини, некои се црно-бели, некои имаат синовиолетов сјај, додека тропските видови имаат поизразени бои. Половите се многу слични по боја и големина. Во оваа фамилија спаѓаат најголемите птици од редот на врапчевидните. Најмалата врана е Aphelocoma nana, која е ендемска во Мексико, со тежина од 40 грама и должина од 21.5 см; а најголема врана е гавранот, тежок 1.400 грама и долг 65 см.
Враните се најинтелигентната фамилија птици[3][4] кои покажуваат дека имаат свест за себе, со помош на тестот со огледало (страчката) и способност да си направат алат (гавраните), способност која до сега им се припишуваше само на луѓето и некои поинтелигентни цицачи.
Природната исхрана на враните се состои од безрбетници, пилиња, јајца, мали цицачи, бобинки, овошје, семиња и мрши. Но, многу видови одлично се прилагодени на животот во градовите и исхрана која вклучува леб, шпагети и секакви остатоци од храна.
Размножување
[уреди | уреди извор]Партнерските врски кај враните се многу цврсти, па дури и доживотни кај некои видови. Мажјакот и женката гломазното гнездо заедно го градат повисоко на дрвјата или на друго погодно место. Тоа се состои од гранчиња, прекриени со тревки и кори од дрво. Мажјакот ја храни женката за време на инкубацијата. Женките несат 3-10 јајца, најчесто 4-7 кои се обично зеленкави со кафеави точки. Кога ќе се испилат, младенчињата остануваат во гнездото 6-10 недели, зависно од видот.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Враните се распространети речиси низ целиот свет, со исклучок на крајниот југ на Јужна Америка и поларните подрачја[5]. Повеќето видови живеат во тропските делови на Јужна и Средна Америка, јужна Азија и Евроазија, додека во Африка, Австралија и Северна Америка живеат по помалку од десетина вида. Родот на гавраните, со пет вида и еден подвид е повторно населен во Австралија релативно неодамна.
Систематизација
[уреди | уреди извор]Родови со број видови
[уреди | уреди извор]- Platylophus - 1 вид
- Platysmurus - 1 вид
- Gymnorhinus - 1 вид
- Cyanocitta - 2 вида
- Aphelocoma - 5 вида
- Cyanolyca - 9 вида
- Cyanocorax - 17 вида
- Calocitta - 2 вида
- Garrulus - 3 вида
- Perisoreus - 3 вида
- Urocissa - 5 вида
- Cissa - 3 вида
- Cyanopica - 1 вид
- Dendrocitta - 6 вида
- Crypsirina - 2 вида
- Temnurus - 1 вид
- Pica - 3 вида
- Zavattariornis - 1 вид
- Podoces - 4 вида
- Nucifraga - 2 вида
- Pyrrhocorax - 2 вид
- Ptilostomus - 1 вида
- Corvus - 42 вида
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Madge & Burn (1993)
- ↑ Robertson (2000), Clayton & Emery (2005)
- ↑ http://biology.plosjournals.org/perlserv/?request=get-document&doi=10.1371/journal.pbio.0060202
- ↑ http://news.yahoo.com/story//nm/20080819/sc_nm/magpies_mirror_dc[мртва врска]
- ↑ Clayton & Emery (2005)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Врани“ на Ризницата ? |
- Видеа за врани Архивирано на 14 март 2016 г. на Интернет збирката птици
- Corvid Corner Мрежно место за враните
- AvesNoir Страница за враните во уметноста, културата и литературата
- Употреба на алатки
- Умните врани во Нова Каледонија може да користат три алатки