Кеа (птица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Nestor notabilis -Fiordland, New Zealand-8b.jpg

Кеа (Nestor notabilis) е голема врста на папагали од семејството Strigopidae, ендемична на Јужен Остров во Нов Зеланд. Карактеристична е за планински и шумски предели. Многу е интелигентна и љубопитна птица. Во скијашките центри е атракција за туристите.

Опис[уреди | уреди извор]

Кеа е голема птица, долка околу 48 цм и тешка околу 1 кг. Маслинесто-зелена боја, со екстремно долг и заоблен горен дел од клунот. Во внатрешноста на крилјата нејзините пердуви се портокалови.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Карактеристична е за Јужен Остров на Нов Зеланд. На Северниот Остров се најдени само фосилни остатоци постари од 10.000 години. Новозеландските Алпи покриени со шума од бука, главно се дом на овие птици.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Кеа е сештојад. Нејзината исхрана ја сочинуваат различни билки, ларви, бубачки, други мали птици, како и зајаци и овци. Поради напаѓањето на овците, фармерите немилосрдно ги ловат. Со својот силен клун, тие сечат парчиња месо од грбот на овците.