Остерхолц-Шармбек
Остерхолц-Шармбек
Osterholz-Scharmbeck | |
Градското собрание на Остерхолц-Шармбек | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Остерхолц |
Градски единици | 10 |
Градоначалник | Торстен Роде (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 146,91 км2 |
Надм. височина | 11 м |
Население | 30.659 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 209 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OHZ |
Пошт. бр. | 27711 |
Повик. бр. | 04791 |
Портал | www.osterholz-scharmbeck.de |
Местоположба на градот Остерхолц-Шармбек во рамките на округот Остерхолц | |
Координати | 53°13′0″N 8°48′0″E / 53.21667° СГШ; 8.80000° ИГД |
Остерхолц-Шармбек (германски: Osterholz-Scharmbeck; долногермански: Oosterholt-Scharmbeek) — град во округот Остерхолц, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува административно седиште на округот Остерхолц. Градот се наоѓа помеѓу градовите Бремен и Бремерхафен.
Тој е единствен град во округот Остерхолц. Настанал во 1927 година со спојување на дотогашните општини Остерхолц и Шармбек. Две години подоцна добил градски права.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Остерхолц-Шармбек се наоѓа во Северногерманската Низина, околу 22 километри североисточно од Бремен, во близина на реката Хаме, со кој градот е поврзан со Остерхолцер Хафенканал. Преку каналот Хаме-Осте денес постои пловна врска со Елба. Источно од градот се протега мочуриштето Тојферлсмор.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Градот Остерхолц-Шармбек се состои од градско јадро и девет градски единици:
|
|
|
Други места, кои немаат административна структура, се следниве:
|
|
|
|
|
Историја
[уреди | уреди извор]Местото било првпат споменато во 1043 година како Скирнбеки (Scirnbeci). Од 1180 година, Шармбек припаѓал на Архиепископијата Бремен. Манастирот во Остерхолц бил основан во 1182 година и постоел до 1650 година, кога Долна Саксонија станал главно протестантска. Во 1648 година, Архиепископијата станала Војводство Бремен, кое најпрвин било владеено во личен сојуз од Швеѓаните, а од 1715 година од Хановерската династија. Во 1823 година, Војводството било укинато и територијата станала дел од областа Штаде во рамки на Кралството Хановер.
Во 1927 година, двете општини Остерхолц и Шармбек биле споени во една, а во 1929 година општината ги добила градските права.
Помеѓу 1978 и 1992 година, 4.200 војници на американската војска биле сместени тука, како и околу 4.000 членови на нивните семејства.
Население
[уреди | уреди извор]- 1904: 4.701[2]
- 1909: 6.060
- 1945: 12.500
- 1961: 19.258
- 1987: 24.150
- 2004: 31.145
- 2005: 31.055
- 2010: 30.218
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]Градскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
Година | SPD | CDU | GRÜNE | FDP | Граѓанска фракција | LINKE* | NPD | Gesamtzahl |
2016 | 14 | 10 | 4 | 1 | 4 | 4 | 1 | 38 |
2011 | 18 | 10 | 4 | 1 | 3 | 2 | — | 38 |
2006 | 19 | 11 | 2 | 2 | 2 | 2 | — | 38 |
2001 | 20 | 11 | 2 | 1 | 4 | — | — | 38 |
*2006 како WASG
Градоначалник
[уреди | уреди извор]Градоначалник на градот Остерхолц-Шармбек е Торстен Роде (независен).[4]
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Остерхолц-Шармбек е збратимен со следниве градови:
Од јануари 2021 година градот е член на меѓународната организација Градоначалници за мир.[5]
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Роланд Бар (р. 1965) ― веслач
- Едуард Нојман (1903-1985) ― професор и ректор на Слободниот универзитет Берлин
- Бодо Рамелов (р. 1956) ― политичар
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црквата „Св. Вилехади“ во Шармбек
-
Ветерница во Шармбек
-
Манастирот во Остерхолц
-
Градскиот плоштад
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Chronik von Osterholz-Scharmbeck Band I. Von den Anfängen bis 1929. Hrsg. Stadt Osterholz-Scharmbeck
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 10. Januar 2014.
- ↑ „Stadtrat“. Internetseite der Stadt Osterholz-Scharmbeck (германски). Посетено на 2019-06-26.
- ↑ Christian Valek (20 јануари 2021). „"Osterholz-Scharmbeck ist Mayors-for-Peace-Mitglied"“. Weser-Kurier. Посетено на 2021-01-21.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Остерхолц-Шармбек“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)
|
|