Северногерманска Низина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Северногерманската Низина (со зелено) на физичка карта на Германија.

Северногерманската Низина (герм. Norddeutsches Tieflan)[1] е еден од главните географски региони на Германија и претставува германски дел на Северноевропската Низина. Регионот е опкружен со бреговите на Северното и Балтичкото Море на север и Средишните Ридови[2] на југ.

На запад, јужната граница на низината ја образуваат Долносаксонските Ридови - особено сртот сочинет од Тевтобуршката шума, Виенските Ридови, Везерските Ридови и Долносаксонското Берде - кои делумно ја двојат од подрачјето на рамницата наречено Вестфалиска Низина. Друг дел од јужната граница на низината образуваат Рајнските Шкрилни Планини: Ајфел, Бершкиот крај и Зауерланд. На исток, Северногерманската Низина продолжува и по Харц и Кифхојзер, сè до средносаксонскиот ридски крај и падините на Рудните Планини.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. или „Северногерманска Рамница“
  2. герм. Mittelgebirge
  3. Erzgebirge
  • Ellenberg, Heinz. Vegetation Mitteleuropas mit den Alpen in ökologischer, dynamischer und historischer Sicht: 170 Tabellen. Stuttgart: Ulmer, 1996. ISBN 3-8252-8104-3.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]