Шваневеде
| Шваневеде | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија |
| Округ | Остерхолц |
| Месни единици | 12 |
| Градоначалник | Кристина Јанц-Херман (СДП) |
| Основни податоци | |
| Површина | 132,2 км2 |
| Надм. височина | 15 м |
| Население | 20.661 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 156 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | OHZ |
| Пошт. бр. | 28790 |
| Повик. бр. | 04209 |
| Портал | www.schwanewede.de |
| Местоположба на Шваневеде во рамките на округот Остерхолц | |
| Координати | 53°14′0″N 8°36′0″E / 53.23333°N 8.60000°E |
Шваневеде (германски: Schwanewede) — општина во округот Остерхолц, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 14 километри западно од окружниот град Остерхолц-Шармбек и 22 километри северозападно од градот Бремен.
Географија
[уреди | уреди извор]Соседни места
[уреди | уреди извор]Шваневеде се граничи на запад со реката Везер (западно од нејзе е округот Везермарш), на север е општината Хаген им Бремишен (со местата Зандштет, Утледе и Вулсбител, во округот Куксхафен), на исток е градот Остерхолц-Шармбек и општината Ритерхуде (обете во округот Остерхолц), додека на југ е градот Бремен (со местата Блументал, Фегезак и Бурглезум).
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината Шваневеде, покрај од истоименото главно место со 9.932 жители, се состои од уште единаесет други места (состојба 30 јуни 2007 г.), кои некогаш се поделени на други делови:
- Ашварден (402 жители) со местата Брух и Хасел
- Бекедорф (1.413 жители) со местата Фредехолц, Розенбуш, Зандфурт, Шванкенфурт, Фолерсхаген и Велпше
- Брундорф (380 жители) со местата Лилкендај и Карлсхорст
- Егештет (186 жители)
- Харирсанд (78 жители) со местото Вилхелмсплате
- Хинебек (265 жители) со местото Хинебекерфурт
- Лојхтенбург (1.321 жител) со местото Холтхорст
- Ленхорст (908 жители) со местото Хоехорст
- Мајенбург (1.507 жители) со местата Дам, Миленгрунд, Бракланд и Гросер Камп
- Нојенкирхен (3.423 жители) со местата Геспе и Штелербрух
- Раде (238 жители) со полуостровот Ферплате
Со општинската реформа во 1974 година, островот во Везер, Харирсанд припаѓа на општината Шваневеде. Тој е еден од најдолгите речни острови во Европа и има песочна плажа.
Места на Шваневеде
[уреди | уреди извор]Главното место се состои од следниве единици: Бринк, Драјенкамп, Флахсберг, Хамфер, Хиенштајн, Керкхоп, Клипенај, Келхорст, Копелсберг, Крајенмор, Лангенберг, Лемхорст, Метјензанде, Рајтберг, Шукамп, Зитландсвер, Трентхепен, Форберг и Фосхал.
Историја
[уреди | уреди извор]Концентрацискиот камп Фарге се наоѓал во местото Нојенкирхен.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||
|


