Фузе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фузе
Fuhse in Celle.jpg
Фузе во градот Целе
Место Долна Саксонија, Германија
Должина 100,8 км [1]
Извор кај Флете во западниот дел на Одервалд
52°03′00″ СГШ; 10°17′41″ ИГД / 52.0500° СГШ; 10.2947° ИГД / 52.0500; 10.2947Координати: 52°03′00″ СГШ; 10°17′41″ ИГД / 52.0500° СГШ; 10.2947° ИГД / 52.0500; 10.2947
Висина на изворот 140 м над мор. ниво
Утока во Целе во Алер
52°22′19″ СГШ; 10°01′32″ ИГД / 52.3720° СГШ; 10.0255° ИГД / 52.3720; 10.0255
Висина на утоката 38 м над мор. ниво
Спуст 102 м
Слив Везер
Одлив Алер → Везер → Северно Море
Слив 917,5 км² [2]
Истек[3] на вливот Просечен среден:   4,6 м³/с
Десни притоки Шварцвасер, Ерзе, Харлаке
Леви притоки Флоте, Крумбах, Ауебах, Беке, Катје Фузе
Градови Залцгитер
Помали градови Пајне, Целе
Села Флете, Ленгеде, Зелде, Илзеде, Едемисен, Ице, Брекел, Нинхаген

Фузе (германски: Fuhse) — река во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, лева притока на Алер. Во текот на XIX век во картите се сретнува и како Fuse, а името веројатно потекнува од древното „Фоза“, наречено по германското племе Фози.

Фузе извира од западниот дел на Одервалд, ридови во масивот Харц помеѓу Бад Харцбург и Волфенбител. Изворот се наоѓа во општината Флете близу Шладен. Оттука, Фузе тече на запад кон Залцгитер. Оди кон север и тече низ Пајне, Долберген и Ице до Целе. Во Целе (округ Нојштат) се влива во Алер. Најважна притока е Ерзе, која се влива во Фузе кај Ице.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. NLWKN:Bestandsaufnahme zur Umsetzung der EG-Wasserrahmenrichtlinie, Bearbeitungsgebiet Fuhse/Wietze, Braunschweig November 2004, Tabelle 3.
  2. Gewässergütebericht Fuhse-Wietze 2003 Schriftenreihe Band 9 des früheren NLWK - Text als PDF abrufbar
  3. Pegelwert Wathlingen, vermehrt um den Gebietsabfluss des 105,5 km² umfassenden Resteinzugsgebietes, angenähert aus dem maßgeblichen Zwischeneinzugsgebiet der Pegel Celle, Wathlingen, Aligse, Feuerschützenborstel, Wieckenberg und Marklendorf (4,9 l/s km²)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]