Прејди на содржината

Фарел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фарел

Varel

Основниот суд во Фарел
Основниот суд во Фарел
Основниот суд во Фарел
Грб на Фарел
Фарел во рамките на Германија
Фарел
Управа
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругФризија
Градски единици32
ГрадоначалникГерд-Кристијан Вагнер (СДП)
Основни податоци
Површина113,53 км2
Надм. височина0 - 12 м
Население 24.397 (31 декември 2022)[1]
 - Густина215 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.FRI
Пошт. бр.26316
Повик. бр.04451
Порталwww.varel.de
Местоположба на градот Фарел во рамките на округот Фризија
Карта
Карта
Координати53°23′49″N 8°08′10″E / 53.39694°N 8.13611°E / 53.39694; 8.13611

Фарел (германски: Varel) — град во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа близу реката Јаде и Јадскиот Залив, околу 15 километри јужно од слободниот град Вилхелмсхафен. Тој претставува најголем град во округот Фризија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Фарел се наоѓа јужно од Јадскиот Залив на Северното Море. Источно од Фарел тече реката Вапел, која се влива во Јаде.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Фарел на исток се граничи со општината Јаде во округот Везермарш. На југ се граничи Фарел со општините Раштеде и Вифелштеде во округот Амерланд, а на запад со општината Бокхорн. Фарел се наоѓа на крајниот југоисток од округот Фризија.

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Фарел е составен од 21 градска единица, како што се местата: Алтјирден, Боргштеде, Бипел, Дангаст, Дангастермор, Гриненкамп, Хоелухт, Хоенберге, Јерингхафе, Јетхаузен, Лангендам, Морхаузен, Нојдорф, Нојенвеге, Обенстрое, Раленбишен, Розенберг, Зегхорн, Штрек и Винкелсхајде.

Други помали места се Алмзе, Брамлоге, Бруне, Јетхаузермор, Логемор, Плагенкруг, Ралинг, Ротенхан, Шварценберг, Танге, Фарелер Шлојзе и Вилкенхаузен.

Политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]
Градското собрание

Градскиот совет се состои од 32 избрани членови, иако треба да има 34 члена за градови со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители.[2] На заклучок на Градскиот совет овој број е намалена за два члена. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[3]

Партија Удел на гласови Број на места Разлика (гласови) Разлика (места)
SPD27,27 %9−2,56 %−1
CDU19,65 %62,10 %−1
Иднина Фарел28,62 %9+13,36 %+4
Grüne9,18 %31,65 %0
BBV4,25 %11,33 %−1
FDP4,59 %1+1,07 %0
Die Linke2,43 %1+0,59 %+1
Независен Брајтенфелт2,03 %1+2,03 %+1
Независен Вестерман1,92 %1+1,92 %+1

Градоначалник

[уреди | уреди извор]

На последните избори за градоначалник на 16 јуни 2014 година бил избран Герд-Кристијан Вагнер (SPD).

Список на поранешни градоначалници
  • 1945–1946: Адолф Хајденрајх, SPD
  • 1946–1948: Бернхард Албрехтс, FDP
  • 1948–1949: Адолф Хајденрајх, SPD
  • 1949–1950: Бернхард Албрехтс, FDP
  • 1950–1952: Адолф Хајденрајх, SPD
  • 1952–1961: Карл Нирад, CDU
  • 1961–1976: Вилхелм Каман, SPD
  • 1976–1981: Карлхајнц Бекер, CDU
  • 1981–1996: Карл-Хајнц Функе, SPD
  • 1997–2001: Ханс Фабијан, SPD
  • 2001–2006: Волфганг Буш, SPD
  • од 2006: Герд-Кристијан Вагнер, SPD

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Фарел е збратимен со следниве градови:

Црквата во Фарел

[уреди | уреди извор]

Црквата на замокот или Шлоскирхе е најстарата градба во Фарел. Првиот дел на црквата се верува дека бил подигнат во 1144 година.[4] Камбанаријата била додадена помеѓу 1200 и 1250 година, првично како две кули, кои биле обновени во денешниот облик во 1651 и потоа во 1737 година. Олтарот е висок скоро 10 метри и е еден од најважните дела на северногерманскиот манизирам.

Пред протестантската реформација, светец на црквата бил Свети Петар. Денес, црквата е лутеранска и нема светец на кој е посветена. Црквата порано била една од градбите на замокот, кој бил срушен во XIX век.

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 9. Dezember 2011.
  3. Stadt Varel – Gesamtergebnis Stadtratswahl 2016, abgerufen am 9. November 2016.
  4. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 4 March 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]