Прејди на содржината

Занде (Фризија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Занде
Воден замок Геденс
Воден замок Геденс
Воден замок Геденс
Грб на Занде
Занде (Фризија) во рамките на Германија
Занде (Фризија)
Управа
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругФризија
Месни единици7
ГрадоначалникШтефан Ајкленборг
Основни податоци
Површина45 км2
Надм. височина0 м
Население 8.622 (31 декември 2022)[1]
 - Густина192 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.FRI
Пошт. бр.26452
Повик. бр.0 44 22
Порталwww.sande.de
Местоположба на Занде во рамките на округот Фризија
Карта
Карта
Координати53°29′0″N 8°00′0″E / 53.48333°N 8.00000°E / 53.48333; 8.00000

Занде (германски: Sande) — општина во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа близу Јадскиот Залив, околу 7 километри западно од Вилхелмсхафен и 12 километри југоисточно од Јефер.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Логото на Занде е „во средина на Фризија - живот помеѓу гест и море“. Занде се наоѓа на работ од Јеферланд и 7 километри западно од градот Вилхелмсхафен.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Општината Занде се граничи на север со градот Шортенс, на североисток со слободниот град Вилхелмсхафен, на југ со општината Цетел и на запад со општината Фридебург.

Општински единици

[уреди | уреди извор]

Општината Занде се состои од пет места: Занде, Нојштатгеденс, Сесилиенгроден, Мариензил и Дикхаузен.[2]

Областа на поранешната општина Геденс - Алтгеденс, Дикхаузен, Геденс и Нојштатгеденс - пред општинската реформа во 1972 година припаѓала на округот Витмунд и со тоа на Источна Фризија.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Низ Занде поминува железничката линија, која ги поврзува Олденбург и Вилхелмсхафен и Езенс. Се планира заобиколница со цел планираниот железнички сообраќај од и до пристаништето ЈадеВезерПорт да не поминува низ средиштето на Занде.[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Bürger-Informationsbroschüre der Gemeinde Sande, Seite 7 (PDF; 9,7 MB)[мртва врска]
  3. „Freight bypass funding agreed - Railway Gazette“. Railway Gazette International. Архивирано од изворникот на 2012-09-03. Посетено на 9 August 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]