Јадски Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карта која го покажува заливот во долниот средишен дел

Јадски Залив (германски: Jadebusen) ― залив на брегот на Северното Море во Германија. Во минатото бил познат и само како Јаде. Поради многу малиот внес на свежа вода, се смета за залив отколку за естуар.[1]

Ширење на морето[уреди | уреди извор]

Јаде зафаќа површина од околу 180 км², кои главно настанале од плимни поплави во текот на XIII и XVI век. Од почетокот на XIV век, источно бил поврзан со естуарот на реката Везер. Некое време постоеле три постојани врски помеѓу реката и заливот. Првата од нив била затворена од насип во 1450 година, а последната во 1515 година. Меѓутоа, по еден век поголемиот дел од поплавените површини бил претворен во пасишта и обработлива површина.

На запад, Јаде се протега до Фризискиот Полуостров. Од почетокот на XVI век, бројни насипи биле изградени против плимни поплави за да се добијат обработливи површини.

Пристаниште[уреди | уреди извор]

Плимните текови го направиле врвот на Јадскиот Залив најдлабокиот природен канал близу германскиот брег на Северното Море. Во 1853 година, Кралството Прусија го купило западниот брег од Олденбург, со цел да го користи пристаништето како пруска поморска база, подоцна наречена Вилхелмсхафен. Во текот на Првата светска војна, германската флота била закотвена во Вилхелмсхафен во Јадскиот Залив. По Втората светска војна, Вилхелмсхафен станал главно германско пристаниште за увоз на нафта.

Природа[уреди | уреди извор]

Крајбрежјето на заливот е дел од германскиот Национален парк Ваденско Море.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Günther Lang, Bundesanstalt für Wasserbau (Federal Bureau for Water-Bound Constructions): Ein Beitrag zur Tidedynamik der Innenjade und des Jadebusens (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 53°27′N 8°12′E / 53.450° СГШ; 8.200° ИГД / 53.450; 8.200