Алер

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Алер (река))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алер
Aller in Blumlage (Celle) IMG 2472.jpg
Поглед од мостот Пфениг на Алер во Целе
Место Саксонија-Анхалт, Долна Саксонија (Германија)
Должина 260 км [1]
Извор во Ванцлебен-Берде (округ Берде)
52°41′18″ СГШ; 11°08′29″ ИГД / 52.6883° СГШ; 11.14133° ИГД / 52.6883; 11.14133Координати: 52°41′18″ СГШ; 11°08′29″ ИГД / 52.6883° СГШ; 11.14133° ИГД / 52.6883; 11.14133
Висина на изворот 189 м над мор. ниво
Утока Везер кај Ферден
52°33′53″ СГШ; 9°06′44″ ИГД / 52.5647148° СГШ; 9.112328° ИГД / 52.5647148; 9.112328
Висина на утоката 10,5 м над мор. ниво
Спуст 178,5 м
Слив Везер
Одлив Везер → Северно Море
Слив 15.721 км² [2]
Истек an der Mündung[3] Просечен среден:   120 м³/с
Десни притоки Клајне Алер, Изе, Лахте, Брухбах, Ерце, Мајсе, Беме, Лерде, Гобах
Леви притоки Окер, Фузе, Вице, Лајне, Алпе, Велпе
Градови Волфсбург
Помали градови Гифхорн, Целе, Ферден
Паланки Ебисфелде-Веферлинген, Ретем
Села Вефенслебен, Ингерслебен, Миден, Винхаузен, Хамбирен, Винзен, Ходенхаген, Дерферден
Пловност 112 км; од Целе (класа II), од Ферден (класа III)

Алер (германски: Aller) — река во сојузните покраини Саксонија-Анхалт и Долна Саксонија, Германија, која има должина од 260 километри. Реката претставува југоисточна и десна притока на реката Везер.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на реката прв пат било забележано во 781 година како „Алера“ (Alera), во 803 година како „Елера“ (Elera), а во 1096 година како Алара (Alara). Неговото значење има две можности:

  1. Скратен облик на „Елераха“, каде „Елер“ на старогорногерманско (*olisa) или прасловенски (olsa) означува евла, што е стар збор често користен за означување на реките. Името на дрвото на долногермански преминало како „Елер“ (Eller), што е многу близу до зборот „Алер“. Поради тоа, Алер може да означува како „вода на евла“, што веројатно било дека бреговите на реката биле покриени со евли, кои вообичаено сакаат влажни места.
  2. Во системот на Ханс Крае на стара европската хидрономија, старото име за Алер, „Алара“ (Alara), е пример на група на речни имиња со коренот „ал-“, што е вообичаено низ Европа и според него доаѓа од индоевропскиот корен „ел-/ол-“, што означува „тек“. Слична поврзаност може да биде за реките како Алстер.

Притоки[уреди | уреди извор]

Реки[уреди | уреди извор]

Најважни притоки на Алер од неговата лева јужна страна се од планинскиот масив Харц, како што е Окер близу Миден (Алер), Фузе во Целе и Лајне близу Швармштет. Ако Лајне се смета за извор на Алер, тогаш вкупната должина на реката изнесува 346 километри.

Од десната страна, кон Алер се вливаат помали реки претежно од Линебуршкото Поле. Вредни за споменување се Клајне Алер близу Вајхаузен, Изе во Гифхорн, Лахте источно од Целе (близу Лахтехаузен), Ерце близу Винзен (Алер), Мајсе близу Ходенхаген и Беме близу Ретем.

Потоци на Горен Алер[уреди | уреди извор]

Горен Алер има бројни потоци помеѓу неговиот извор и Миден:

  • Риоле
  • Шелеке
  • Шпеце
  • Роте Риде
  • Лапау
  • Катариненбах
  • Дремлингсгребен
  • Випералер
  • Штекграбен и Хелингер Бах
  • Хаселбах
  • Кронриде
  • Бефербах
  • Шпрингриде
  • Триангел
  • Барнбрухграбен
  • Гозебах
  • Фулау
  • Кнезебах
  • Емербах
  • Кикенбрухрене
  • Момербах
  • Килхорстер Грабен
  • Бруно
  • Фишерграбен
  • Флоте
  • Зауербах
  • Бебербах
  • Платендорфер Морграбен

Потоци на каналот Алер[уреди | уреди извор]

Каналот Алер тече паралелно со Горен Алер помеѓу Волфсбург и Гифхорн. Каналот бил изграден во средината на XIX век за да го намали ризикот од поплави. Кон него се вливаат следниве потоци:

  • Миленриде
  • Клајн Брунсродер Риде
  • Хеленриде
  • Ришмиленриде
  • Ретгесбителер Риде
  • Фиморграбен
  • Фолбителер Риде
  • Витесморграбен
  • Алерталграбен
  • Флетмаршер Абцуграген

Потоци на Долен Алер[уреди | уреди извор]

Од лево, следниве мали реки и потоци се вливаат во Алер: Алпе и Велпе близу Ретем, Лерде близу Кирхлинтелн-Хоенаферберген, Гобах близу Ферден-Ајце и пред вливот во Везер, Халзе близу Ферден-Дауелзен.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Die Aller – Ein Schifffahrtsweg, Wasserstraßen- und Schifffahrtsamt Verden der Wasserstraßen- und Schifffahrtsverwaltung des Bundes, abgerufen am 23. Februar 2017, auf wsa-verden.wsv.de
  2. Niedersächsisches Ministerium für Umwelt, Energie und Klimaschutz: Umweltkarten Niedersachsen, abgerufen am 18. März 2015
  3. Pegelwert Rethem plus Gebietsabfluss des Resteinzugsgebietes unterhalb (5,4 l/s km² auf 993 km²), ermittelt für das Zwischeneinzugsgebiet der begrenzenden Pegel Rethem (Aller), Frankenfelderbruch (Alpe), Anderten (Wölpe), Lehringen (Lehrde), Weitzmühlen (Gohbach), Dörverden (Weser) und Intschede (Weser). Der resultierende Wert von 120,4 m³/s ist abgerundet übernommen.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]