Морско ниво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бележник за морското ниво кај Мртвото Море во Израел, каде прикажаното место е под нивото.

Морско ниво или морско рамниште (најчесто подразбира средно морско ниво) — просечното ниво на површината на дадено море или сите океани: Оваа вредност се зема како појдовна при изразувањето на надморска височина во картографијата and морепловството и воздухопловството. Во последниот случај, ова е стандардна надморска височина на која се мери атмосферскиот притисок за баждарење на висината на која ќе лета воздухопловот.

Во поедноставни ситуации, како стандард се зема средниот водостој помеѓу плимата и осеката на некое место.[1]

Морското ниво го засегаат повеќе чинители и истото се разликувало во различни геолошките периоди. Така, внимателното мерење на морското ниво претставува важен показател за климатските промени и неговото накачување се наведува како доказ за глобално затоплување.[2]

Поимот надморска висина најчесто се однесува на средна/просечна надморска висина (С.Н.В или П.Н.В) и се изразува во метри (М.Н.В)

Средно морско ниво[уреди | уреди извор]

Средното морско ниво (СМН) обично се дефинира како просечно релативно морско ниво во некој временски период, како што е месец или година, доволно долг за да може да се изведе просек од непостојаните вредности какви што се брановите.[3]

Пораст на средното морско ниво[уреди | уреди извор]

Евстатскиот пораст на морското ниво е промена во глобалното средно морско ниво поради промената на зафатнината на светскиот океан. Релативниот пораст на морското ниво се јавува онаму каде што постои нето-пораст нивото на океанот во однос на месните движења на копното[3]. Творците на климатските модели главно се задржуваат на процената на евстатската промена на морското ниво. Истражувачите на влијанијата главно се осврнуваат на релативната промена на морското ниво.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. What is "Mean Sea Level"? (Proudman Oceanographic Laboratory).
  2. Solomon et al., Technical Summary, Section 3.4 Consistency Among Observations in IPCC AR4 WG1 2007; Hegerl et al., Executive summary, Section 1.3: Consistency of changes in physical and biological systems with warming in IPCC AR4 SYR 2007.
  3. 3,0 3,1 „Толковен речник за климатски промени“. Министерство за животна средина и просторно планирање. 27 октомври 2014. http://www.unfccc.org.mk/content/Documents/RECNIK/RECNIK_CC.pdf. конс. 27 септември 2015 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]