Океан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Серија на карти каде се прикажани алтернативните поделби на океаните
Приказ на светските океани. Постои постојана циркулација на вода на Земјата, Светскиот океан е поделен на неколку главни подрачја. Разликуваме пет океани: Тихи, Атлантски, Индиски, Арктички, и Јужен; последните два понекогаш се сметаат за делови од првите три.

Океан (од грчки Ὠκεανὸς, "океанос"[1]) е голем резервоар на солена вода, и главна компонента на хидросферата. Околу 71% од површината на Земјата (~3.61 X 1014 m2) е прекриена со океани, споен резервоар на вода кој условно е поделен на неколку главни океани и помали мориња. Скоро половина од светските води се длабоки над 3000 метри.

Овој споен резервоар на солена вода, наречено Светски Океан, главно се дели според континентите и архипелазите на: Тихи Океан, Атлантски Океан, Индиски Океан, Јужен Океан и Северен Леден Океан. Последниот океанографски се нарекува медитеранско море. Помалите региони од океаните се нарекуваат мориња, заливи, теснеци и др.

Геолошки, океанот е област од океанска кора покриена со вода. Океанска кора е тенкиот слој од стврднат вулкански базалт кој ја покрива Земјината површина каде нема континенти. Од овој аспект, денес постојат три „океани“: Светскиот Океан, Црното и Касписко море, кои се формирале со колизија на Цимерија со Лауразија. Медитеранското Море е скоро свој „океан“, поврзано со Светскиот Океан преку Гибралтарскиот Теснец, и повеќе пати во последните неколку милиони години движењето на Афричкиот континент го затворило теснецот целосно, правеќи го Медитеранот четврт „океан“.[2]

Светскиот Океан зафаќа површина од 361 милиони km2, волумен од 1.340 милиони km2, а просечната длабочина е 3.711 метри. Скоро половина од светските води се длабоки над 3.000 метри. Ова не вклучува мориња кои не се поврзани со Светскиот Океан, како Каспиското Море. Вкупната маса на хидросферата е скоро 1.4 × 1021 kg, ca. 0.023 % од вкупната Земјина маса.

Океанот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ὠκεανός, Henry George Liddell, Robert Scott, Грчко-англиски лексиокон, на Персеус проектот
  2. Matthias Tomczak и J. Stuart Godfrey. 2003. Регионална Океанографија: Вовед
  3. YouTube, Lou Reed-1st Album-1972 (vinil rip)(Full) (пристапено на 2.12.2017)