Крива на морското ниво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Споредба на две реконструкции на нивото на морето за време на последните 500 Myr: Ексонова и Халамова крива. Скалата на промена за време на последната глацијална/меѓуглацијална транзиција е означена со црна лента.

Крива на морското ниво — приказ на промените на нивото на морето низ геолошката историја.

Првата таква крива е Вејловата или Ексоновата крива. Имињата на кривата се однесуваат на фактот дека во 1977 година тим геолози на Ексон предводен од Питер Вејл објавилмонографија за глобалните еустатични промени на нивото на морето. Нивната крива на нивото на морето се заснова на сеизмички и биостратиграфски податоци акумулирани за време на истражувањето на нафтата.

Вејловата (и самата монографија) била предмет на дебата меѓу геолозите, бидејќи се засновала на неоткриени комерцијално доверливи стратиграфски податоци и оттука не може да се проверат независно. Поради ова, подоцна имало напори да се воспостави крива на нивото на морето врз основа на некомерцијални податоци.

Во 1987-1988 година била објавена ревидирана еустатичка крива на нивото на морето за мезозојскиот и кенозојскиот период, сега позната како Хакова крива на нивото на морето, според пакистанско-американскиот океанограф Билал Хак.

Билал Хак и Стивен Шутер ја објавиле палеозојската крива на нивото на морето во 2008 година во Science. Последователните ревизии на мезозојската еустатична крива на нивото на морето биле објавени од Б. Хак за периодите Креда, Јура и Тријас, соодветно во 2014, 2017 и 2018 година. Хак и неговите соработници ја завршиле историјата на нивото на морето на целиот Фанерозојски еон.

Наводи[уреди | уреди извор]