Прејди на содржината

Морепловство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Галија[1]

Морепловство[2][3] или поморство[4][5] — дејност поврзана со транспорт на луѓе и носење стоки по морски пат, и зафаќа најмногу место во севкупен преглед. Текот на развојот се одвивал во три периоди:[6]

  1. период на чамци и бродови на рачно управување (веслање),
  2.  период на бродови со погон на силата на ветрот (едрилици),
  3. период на бродови со механички погон (пареа;  мотори со клипови и турбини, дизел мотор, и јадрен погон).

Историја на морепловството

[уреди | уреди извор]

Почетоците на морепловството се поврзани со праисториско време; дрвен сплав од вкрстени стебла, примитивно поврзани, било првото пловно средство. Во бронзено доба и во рано и доцно железно доба трговијата била толку развиена што се граделе и големи чамци односно бродови. Познато е дека првите бродоградители биле  Египќаните кои со своите бродови пловеле по  Црвеното Море (околу 1700 г. п.н.е.) и сè до Сомалија. Феникијците се сметале за најдобри морнари на тоа време; пловеле по цело Средоземно Море , а во 12. век п.н.е. тие стигнале до  Гибралтар во Атлантски Океан веќе околу 600. година п.н.е. тие пловеле по должината на Западниот брег и околу Африка. Во тоа време грчките бродови развиле трговија со сите крајбрежни средоземни земји, и околу 300 година п.н.е. пловеле по Атлантикот крај брегот на Западна Европа и стигнале до Велика Британија и Балтичките земји.

  1. George F. Bass, ed., A History of Seafaring, Thames & Hudson, 1972
  2. „морепловство“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „морепловство“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „поморство“Дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „поморство“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  6. Мала енциклопедија, Просвета, Београд, 1986. год; група аутора: др Борислав Благојевић, Радивој Давидовић, д-р Владета Јеротић, Света Лукић, Перо Морача, д-р инж. Драгослав Поповић, д-р Војислав Становчић, Марија Стојиљковић, Стојан Ћелић