Хамбирен
Изглед
| Хамбирен | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија |
| Округ | Целе |
| Месни единици | 6 |
| Градоначалник | Томас Хербст (независен) |
| Основни податоци | |
| Површина | 56,7 км2 |
| Надм. височина | 36 м |
| Население | 10.855 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 191 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | CE |
| Пошт. бр. | 29313 |
| Повик. бр. | 05084, 05143 (Oldau) |
| Портал | www.hambuehren.de |
| Местоположба на Хамбирен во рамките на округот Целе | |
| Координати | 52°38′0″N 9°59′0″E / 52.63333°N 9.98333°E |
Хамбирен (германски: Hambühren) — општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 6 километри северно од окружниот град Целе.
Географија
[уреди | уреди извор]Хамбирен се наоѓа 6 километри западно од окружниот град Целе. Реката Алер тече низ северниот дел на општината.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината Хамбирен се состои од следниве места:
- Хамбирен (село - означено како Хамбирен I) и Хамбирен (населба - означено како Хамбирен II)
- Алерхоп
- Олдау
- Офелгене
- Риксферде
- Шенхоп
Историја
[уреди | уреди извор]Од летото 1944 до февруари 1945 година постоел подкамп на концентрацискиот камп Берген-Белзен во Хамбирен. Опкружени од СС-војници, во кампот биле сместени околу 400 затворенички, кои биле приморани да го прошират поранешниот рудник за поташа и да поставуваат железнички пруги до него, проект на претпријатието Хохтиф. Тунелите биле наменети како производствено место за бременскиот производител на авиони Фоке-Вулф.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Хидроцентрала во Олдау
- Новата католичка црква во Хамбирен
- Црква во Хамбирен
- Камен за 750-годишнината од основањето
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Knoch, Habbo (ed) (2010). Bergen-Belsen: Wehrmacht POW Camp 1940–1945, Concentration Camp 1943–1945, Displaced Persons Camp 1945–1950. Catalogue of the permanent exhibition. Wallstein. ISBN 978-3-8353-0794-0.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Хамбирен“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
|
| ||||||||


