Окер (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Окер
Okereinzugsgebiet.png
Место Долна Саксонија, Германија
Должина 128,3 км [1]
Извор на Брухберг во Харц
51°27′51″ СГШ; 10°17′34″ ИГД / 51.4642° СГШ; 10.2929° ИГД / 51.4642; 10.2929Координати: 51°27′51″ СГШ; 10°17′34″ ИГД / 51.4642° СГШ; 10.2929° ИГД / 51.4642; 10.2929
Висина на изворот 910 м над мор. ниво
Утока кај Миден во Алер
52°18′45″ СГШ; 10°12′50″ ИГД / 52.3125° СГШ; 10.2139° ИГД / 52.3125; 10.2139
Висина на утоката 45 м над мор. ниво
Спуст 865 м
Слив Везер
Одлив Алер → Везер → Северно Море
Слив 1.822,13 км² [2]
Десни притоки Радау, Екер, Илзе, Алтенау, Шунтер
Леви притоки Абцухт, Варне
Езера Финенбуршко Езеро, Зидско Езеро, Елперско Езеро
Акумулации Окер
Градови Брауншвајг
Помали градови Гослар, Бад Харцбург, Волфенбител
Паланки Алтенау
Села Шуленберг, Шладен-Верла, Берсум, Хајнинген, Дорштат, Орум, Швилпер, Вендебург, Дидерзе, Хилерзе, Лајферде, Мајнерзен
Население во сливот 491.000 (само Долна Саксонија)
Пловност во средниот век северно од Брауншвајг, до XVIII век исто и јужно од Брауншвајг
Oker im Okertal.jpg
Окер помеѓу вештачкото езеро и местото

Окер (германски: Oker) — река во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, која низ историјата претставувала важна политичка граница. Претставува лева притока на реката Алер. Има вкупна должина од 105 километри и генерално тече кон север.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на реката било забележано околу 830 година како Обакра (Obacra) и подоцна како Овокаре (Ovokare) и Овакара (Ovakara).[3] Потеклото на името е изведено од корените „ов-“ и „-акара“, што означуваат „горен“ (стандарден германски: ober-) и „брзајќи надолу“ (германски како: Vorwärtsdrängende)[3] со цел разликување на нејзината притока, Екер, чие име означува само „брзајќи надолу“.

Тек[уреди | уреди извор]

Брана Окер
Островот и мостот на свршувачките во долината на Окер близу Ромкерхал

Окер извира на околу 910 метри во Националниот парк Харц на Брухберг во планинскиот масив Харц во средишниот дел на Германија. Овој првичен дел на реката е познат како „Голем Окер“ (Große Oker) и под Алтенау е заградена со брана (Okertalsperre). Од браната до поранешното село Окер, кое денес е дел од градот Гослар, Окер на одредени места е погодна за кану. Овој дел, често наречен и долина Окер (Okertal), ги вклучува водопатите Ромкерхал. Тука, потокот „Ромке“ паѓа околу 64 метри како водопад. Низводно од реката се наоѓа „островот на свршувачките“ (Verlobungsinsel). Лево и десно од Окер во областа се наоѓаат многу карпи омилени меѓу качувачите.

Во близина на местото Окер, реката е сериозно загадена со тешки метали од јаловиштата како и од подземните води.

Брана Окер близу истоименото место
Рафтинг на каналот Окер во Брауншвајг

Од местото Окер, реката тече кон североисток до Финенбург, каде од југ ѝ се приклучува реката Радау, а потоа од југоисток Екер. По овие две вливања, реката продолжува кон југоисток долж шумата Харли (Harly-Wald), по што свртува кон север и тече низ Шладен и Волфенбител до Брауншвајг. Во јужниот дел на Брауншвајг се наоѓа браната Ајзенбител. Во Народниот парк (Bürgerpark) пред почетокот на стариот град на Брауншвајг, Окер се дели на западниот и источниот заобиколен канал (Umflutgraben) кои го издигнале стариот дел на градот на малку повисоко ниво. Овие канали биле изградени во XVI век како надворешни шамци за одбрана на градот. Тогашниот тек на Окер низ центарот на градот бил покриен и денес тече низ цевки за повторно да продолжи северно од стариот град. Нивото на вода во градот е контролирано од браната „Порта Св. Петар“ (Petritorwehr) во западниот и браната „Венди“ (Wendenwehr) во источниот канал. По спојувањето на двата канали северозападно од центарот на градот, Окер тече кон север во округот Волфенбител подземно под Средногерманскиот Канал пред да ѝ се приклучи Шунтерод исток близу Грос Швилпер. Потоа, тече кон нејзиното устие во реката Алер, кое се наоѓа помеѓу Гифхорн и Целе кај Миден.

Окер како гранична река[уреди | уреди извор]

Устието на Шунтер во Окер близу Грос Швилпер

Од почетокот на деветтиот век, реката Окер во средниот тек ја создавала епископската граница помеѓу епископиите Халберштат и Хилдесхајм, основани од царот Карло Велики и неговиот син Луј I Побожен во Војводството Саксонија. Северно од Шладен, кралската палата (Kaiserpfalz) на Верла била изградена на бреговите на реката околу 20 метри над нејзиното ниво. Од доцниот среден век, Окер помеѓу селата Орум и Берсум ја создавала источната граница на Принц-епископијата Хилдесхајм со Војводството Брауншвајг-Волфенбител и појужно до Видела (денес дел од Финенбург) со Принц-епископијата Халберштат, која станала пруско Кнежевство Халберштат по секуларизацијата во 1648 година.

Епископијата Халберштат била медијатизирана во 1803 година и според Виенскиот конгрес во 1815 година, Окер била источна граница на Кралството Хановер со Војводството Брауншвајг и пруската Покраина Саксонија. Кога Кралството Прусија го припоило Хановер во 1866 година, станала внатрешна пруска граница помеѓу покраините Хановер и Саксонија, додека северно од Берсум до Орум помеѓу Хановер и Војводството Брауншвајг. Од 1945 до 1990 година била дел од внатрешната германска граница помеѓу Источна и Западна Германија помеѓу Видела и Шладен, денес помеѓу германските сојузни покраини Саксонија-Анхалт и Долна Саксонија.

Притоки[уреди | уреди извор]

Леви приток (од изворот до устието):

Десни притоки:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bezirksregierung Braunschweig/NLWK: Bestandsaufnahme zur Umsetzung der EG-Wasserrahmenrichtlinie, Oberflächengewässer, Bearbeitungsgebiet Oker, 22 ноември 2004, Tabelle 1: Nennung und Beschreibung der wesentlichen Fließgewässer. Извор: http://www.wasserblick.net/servlet/is/17842/, 2 октомври 2012.
  2. NLWKN: Flächenverzeichnis zur Hydrographischen Karte Niedersachsen, состојба 2010, S. 51, 19 август 2013, на umwelt.niedersachsen.de (PDF; 599,8 KB)
  3. 3,0 3,1 H. Blume: Oker, Schunter, Wabe. In: Braunschweigisches Jahrbuch für Landesgeschichte, vol. 86, 2005, p. 14 sqq.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]