Засенбург
| Засенбург | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија |
| Округ | Гифхорн |
| Месни единици | 6 |
| Градоначалник | Фолкер Армс (СДП) |
| Основни податоци | |
| Површина | 88,4 км2 |
| Надм. височина | 55 - 69 м |
| Население | 12.092 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 137 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | GF |
| Пошт. бр. | 38524 |
| Повик. бр. | 05371, 05378, 05379 |
| Портал | www.sassenburg.de |
| Местоположба на Засенбург во рамките на округот Гифхорн | |
| Координати | 52°31′0″N 10°38′0″E / 52.51667°N 10.63333°E |
Засенбург (германски: Sassenburg) — општина во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 7 километри североисточно од градот Гифхорн и околу 15 километри северозападно од градот Волфсбург.
Седиштето на општината се наоѓа во селото Вестербек.
Географија
[уреди | уреди извор]Општината се наоѓа на подрачје помеѓу планинскиот масив Харц и Линебуршкото Поле, источно од Гифхорн и северозападно од Волфсбург. Во јужниот дел на општината во насока исток-запад поминува реката Алер. Истовремено, во насока север-југ поминува страничниот канал на Елба. Општината има површина од 8840 ha, од кои 17% се станбена и сообраќајна површина.[2]
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Соседни општини се (од север надесно): Варенхолц, Ера-Лесин, Барведел, Јембке, Бокенсдорф, Ослос, Калберла, Изенбител и Гифхорн.
Најблиски поголеми градови се Волфсбург и Брауншвајг.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината се состои од следниве населени места:
- Даненбител
- Грусендорф
- Нојдорф-Платендорф
- Штиде
- Триангел
- Вестербек
Галерија
[уреди | уреди извор]- Лутеранската црква во Нојдорф-Платендорф
- Бернштајнското Езеро близу Штиде
- Дворец во Триангел
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Niedersächsisches Institut für Wirtschaftsfragen e. V. (Hrsg.): Regionalbericht 2006 : Wirtschaftsraum Braunschweig – Salzgitter – Wolfsburg. IHK Braunschweig, Hannover 2006. (PDF; 1.4 MB Архивирано на 10 јули 2007 г.).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Засенбург на Ризницата ?- Официјална страница
|
| Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |


