Средногермански Канал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Текот на Средногерманскиот Канал.

Средногерманскиот Канал, (германски: Mittellandkanal) е главниот канал во централна Германија. Претставува важна алка во мрежата на водени патишта на државата, обезбедувајќи главен исток-запад внатрешен пловен пат. Неговото значење ја надминува Германија, поврзувајќи ги Франција, Швајцарија и земјите на Бенелукс со Полска, Чешка и Балтичкото Море.[1]

Со 325,7 километри во должина,[2] Средногерманскиот Канал е најдолгиот вештачки воден пат во Германија.

Тек[уреди | уреди извор]

Средногерманскиот Канал се разгранува на Каналот Дортмунд-Емс[2] кај Херстел (близу Рајне, 52° 16′ 37″ СГШ, 7° 36′ 18″ ИГД), оди северно низ Тојробуршката Шума, го поминува Хановер и се сретнува со реката Елба близу Магдебург (52° 14′ 46″ СГШ, 11° 44′ 49″ ИГД). Близу Магдебург се поврзува со Каналот Елба-Хафел,[2] правејќи ја пловна бродска рута до Берлин и до Полска.[1]

Кај Минден, Каналот ја поврзува реката Везер пред два аквадукти (вториот завршен во 1998) и близу Магдебург ја поминува Елба, исто така со аквадукт. Врски со странични канали постојат кај Ибенбирен, Оснабрик, Минден (два канало го поврзуваат со Везер), Хановер-Линден, Хановер-Мисбург, Хилдесхајм и Залцгитер.[2] Западно од Волфсбург, страничниот канал на Елба се разгранува, обезбедувајќи врска до Хамбург и (преку Канал Елба-Либек) до Балтичкото Море.

Историја[уреди | уреди извор]

Изградбата на Средногерманскиот Канал била започната во 1906, почнувајќи од Бергесхефеде (општина Херстел) на Каналот Дортмунд Емс. Секцијата до Минден на Везер била отворена во февруари 1915 и првично била именувана како Ems-Weser-Kanal. Секцијата од Минден до Хановер била завршена во есента 1916. Делот до Зенде и разгранувачкиот канал до Хилдесхајм биле завршени во 1928, Пајне бил поврзан во 1929 и Брауншвајг во 1933. Конечниот дел до Магдебург бил отворен во 1938, така создавајќи директна врска помеѓу Западна и Источна Германија. Посебниот канал до Залцгитер бил отворен во 1941. Планираниот канализиран мост преку Елба, потребно да се избегне недостигот на вода, не бил изграден поради Втората светска војна.[3]

По поделбата на Германија по Втората светска војна, Средногерманскиот Канал бил поделен помеѓу Западна Германија и Источна Германија, со границата на исток на Волфсбург. За да се обезбеди пристап од западниот дел на каналот до Хамбург и Северна Германија, избегнувајќи ја Источна Германија и понекогаш ограничената пловност на реката Елба, Страничниот канал на Елба бил отворен во 1977.

По реобединувањето на Германија, важноста на Средногерманскиот Канал како врска од Западот до Берлин и Истокот била засилена. Проектот за мостот на Елба повторно бил обновен и како резултат на тоа, Водениот мост Магдебург бил отворен во 2003, обезбедувајќи директна врска со Каналот Елба-Хафел.

Градови на Средногерманскиот Канал[уреди | уреди извор]

Панорама на пристаништето Брауншвајг на Средногерманскиот канал, кај Ватенбител, Брауншвајг.

Градби[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Шефилд, Бари (1995). Внатрешни водени патишта на Германија. Сент Ивс, Кембриџшир: Imray Laurie Norie & Wilson. ISBN 0-85288-283-1. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Elwis database WSD Mitte и WSD Ost
  3. Wasser- und Schifffahrtsamt Minden (германски)