Воден мост Магдебург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Канал Елба-Хафел до Средногерманскиот Канал
Водениот мост Магдебург гледан од горе
Поминува Река Елба
Локација Магдебург, близу Берлин
Најголем обем 106 м
Вкупна должина 918 м (690 м над земја и 228 м над вода)
Ширина 34 м
Длабочина на водата 4,25 м
Размак под 90.00 м x 6,25 м
Датум на почнување 1997
Датум за завршување 2003
Координати 52°13′52″ N; 11°42′07″ E / 52.23116389° СГШ; 11.70190278° ИГД / 52.23116389; 11.70190278Координати: 52°13′52″ N; 11°42′07″ E / 52.23116389° СГШ; 11.70190278° ИГД / 52.23116389; 11.70190278
Изграден со околу 68.000 кубни метри бетон и 24.000 метри тони челик
Водениот мост Магдебург гледан од бреговите на Елба
Карта на мостот, покажувајќи новата (жолта) и претходната (црвена) рута

Водениот мост Магдебург (германски: Wasserstraßenkreuz) — пловен аквадукт во Германија, отворен во октомври 2003. Го поврзува Каналот Елба-Хафел со Средногерманскиот Канал, преминувајќи ја реката Елба. Познат е по најдолгиот пловен аквадукт во светот, со вкупна должина од 918 метри.[1]

Каналите Елба-Хафел и Средногерманскиот претходно се сретнувале близу Магдебург но, на спротивната страна на Елба, која била на значајно пониско ниво од двата канали. Бродовите поминувале по 12 километри по заобиколниот пат, обратно од Средногерманскиот Канал низ Ротензе во Елба, потоа пловење низводно низ реката, а потоа да се префрли на Каналот Елба-Хафел преку браната Нигрип. Недостигот на вода во Елба често потполно ја прекинувал оваа врска.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Каналските инженери првпат ги замислиле двата водени патишта уште во 1919, и од 1938 со бродскиот лифт Ротензе и местата за мостовите биле поставени, но изградбата била одложена во текот на Втората светска војна. По Студената војна Германија била поделена, проектот бил одложен на неодредено време од источногерманската влада.[2]

Повторното обединување на Германија и основањето на главните водени сообраќајни рути го направиле повторно приоритетен Водениот мост. Работата започнала во 1997, а изградбата траела шест години и чинела 500 милиони евра. Сега водениот мост ги поврзува внатрешната пристанишна мрежа на Берлин со пристаништата долж реката Рајна. Мостот бил направен од 24.000 тони челик и 68.000 кубни метри бетон.[1][2]

Брани[уреди | уреди извор]

Во прилог на мостот, била изградена двојна брана да им се овозможи на пловните објекти да дојдат од нивото на мостот и Средногерманскиот Канал на тоа на Каналот Елба-Хафел.

Дополниелно, една брана била изградена кај Ротензе да им овозможи на пловните објекти од нивото на мостот до нивоата на Елба и пристаништето Магдебург. Оваа брана е паралелна и го заменува подвижната брана Ротензе и може да прифати и поголеми брани од подвижната брана.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Воден мост Магдебург“. Structurae. Николас Јанберг. Посетено на 2011-01-07.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Европските најголеми водени мостови“. dw-world.de. Deutsche Welle. 2003-10-10. Посетено на 2011-01-07.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Karl Jüngel, Das Wasserstraßenkreuz bei Magdeburg, Undated, ca. 2003.