Аквадукт Минден
Аквадуктот Минден (германски: Wasserstraßenkreuz Minden) — аквадукт близу Минден, Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Всушност се состои од два паралелни водени моста, кои го преместуват Средногерманскиот Канал над Везер. Постариот од двата моста повеќе не се користи за сообраќај. По Водениот мост Магдебург е најголемиот воден мост во Европа.
Аквадуктот е дел од раскрсницата на водени патишта: Средногерманскиот Канал е поврзан со Везер со два раздвоени канали.
Каналски мостови[уреди | уреди извор]
Стар мост[уреди | уреди извор]
Првиот каналски мост врз реката Везер бил изграден во 1914. Тој е 370 метри долг и е изграден од бетон. На крајот на Втората светска војна бил уништен од германската армија во 1945. Во 1949, реновираниот мост повторно бил ставен во употреба.
Нов мост[уреди | уреди извор]
Низ годините, бродовите кои се користеле станале поголеми, а каналот веќе не можел да ги прифаќа. Од 1993 започнале работите на новиот мост. Бил изграден од челик и отворен во 1998.
Канал за врска Север[уреди | уреди извор]
Каналот за врска Север на аквадуктот Минден е во западниот дел на каналскиот мост и претставува најкратка врска помеѓу Средногерманскиот Канал и Везер. Долг е 1,2 километри.
Канал за врска Југ[уреди | уреди извор]
Надвор од Schachtschleuse на левиот брег е каналот за врска Југ на десниот брег на Везер со две брани, претставувајќи врска помеѓу Средногерманскиот Канал и Везер. Помеѓу двете брани е индустриското пристаниште Минден.
Мадворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Аквадукт Минден“ на Ризницата ? |
- Bauwerke im Zuständigkeitsbereich des Wasser- und Schifffahrtsamtes Minden
- Luftbild des Wassserstrassenkreuzes in Minden, und weiterführende Informationen Архивирано на 17 октомври 2007 г.
Координати: 52°18′11″N 8°55′54″E / 52.30306° СГШ; 8.93167° ИГД